16:00 - 23 ноември, 2026

(Фото) Првпат во јавноста по болеста: Зорица Брунцлик пристигна насмеана на снимањето на „Пинковите ѕвезди“

Зорица Брунцлик се појави во јавноста по подолга пауза, пристигнувајќи на снимањето на музичкото натпреварување „Пинковите ѕвезди“.

Пејачката пристигна во студиото во Шимановци со широка насмевка на лицето, каде публиката и гледачите ја очекуваа со големо нетрпение. Заедно со неа дојде и нејзиниот сопруг, Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш, кој ја менуваше во судиското столче додека таа беше отсутна поради лекување. Фотографиите можете да ги погледнете ТУКА. 

На новинарското прашање за тоа како се чувствува по направената пауза, Зорица кратко и низ насмевка одговори:

„Како што изгледам, така и се чувствувам“, изјави таа и веднаш продолжи кон снимањето на емисијата.

Брунцлик за оваа пригода избра бела јакна, а покрај нејзиниот сопруг Кемиш, во студиото постојано до неа беше и нејзината ќерка Злата, која не се одвојуваше од својата мајка.

Слични објави

(Фото) „Засекогаш ќе ти бидам другар“: Обожавателка на Тоше Проески доби винил-плоча од неговото семејство, го чува и пенкалото со кое ѝ дал автограм

К.С.

(Фото) Ноември е месец за топли и елегантни комбинации – одберете го вашиот фаворит од новата колекција во „Капитол“

Еспресо

(Фото+видео) Мис Србија Николина Вујчиќ ќе ја претставува земјата на Мис Универзум во костим инспириран од Никола Тесла

Еспресо

(Видео) „Ни Шутка не е тоа што беше“: Јелена Спенџарска на шопинг во Шуто Оризари, откри што ја разочарало

К.С.

Рецепт за совршен качамак без грутки – тајната за кремаста текстура е во еден едноставен трик

К.С.

(Фото) Каролина Гочева и Михаил Корубин на романтична прошетка во Загреб: дожд, уметност и моменти за паметење

Еспресо
Се вчитува....