13:40 - 3 ноември, 2026

Харис Џиновиќ  за ќерката Ѓина – „Ги исклучив емоциите, веќе немаме никаква комуникација“

Познатиот босански пејач Харис Џиновиќ по првпат отворено проговори за нарушените односи со својата ќерка Ѓина Џиновиќ, откривајќи дека нивната комуникација е целосно прекината. Во емисијата „Stars specijal“, Џиновиќ призна дека нивните односи се „замрзнати“ и дека веќе не постои никаков дијалог меѓу нив.

„Немам повеќе емоции“

„Со неа имам прилично замрзнати односи и тоа е сè што би ви кажал. Дали имаме комуникација? Замрзнати односи значат дека нема ни одговор. Јас веќе немам емоции, ги исклучив. За Ѓина само велам: ‘Нека е жива и здрава’“, изјави пејачот со прилично остар тон.

Тој додаде дека неговата ќерка моментално се наоѓа во Барселона, каде што студира и е посветена на сопствените обврски. Харис истакна дека е природно таа еден ден да си замине од дома и да основа своја семејство, но неговиот став за синот Кан е поинаков.

„Кан нема да си замине, тој ќе остане тука, во оваа куќа“, дециден е Харис.

Свадбата на Мелина во Монако

Иако Харис не ги прецизираше причините за ваквиот радикален чекор, медиумите пренесуваат дека дополнително масло на огнот додала одлуката на Ѓина да присуствува на свадбата на нејзината мајка Мелина во Монако. Ова очигледно било премногу за пејачот, кој по разводот неколку пати јавно ја критикуваше својата поранешна сопруга.

Слични објави

(Фото) Цеца е горда на најстариот внук: Тренира еден од најпопуларните спортови и реди успеси

Еспресо

(Фото) Ќерката на Дарко и Маја Панчеви како ангел на „Викторијас сикрет“ — Марија Панчева во гламурозно издание за Ноќта на вештерките

Еспресо

Зуица Лазова наполни 52 години – Наум Петрески не пропушти да ѝ запее на роденденската прослава

Еспресо

Плачеше пред да влезе во студиото, ја отпеа од првпат и продолжи да плаче“: Срцепарателни детали за тоа како Мишо Ковач ја сними песната за покојниот син

E.A.

Есенски десерт што мириса на цимет — направете вкусни емпанади со тиква

Еспресо

Дневен хороскоп за 3 ноември: Избегнувајте избрзани одлуки

apostolova
Се вчитува....