10.8 C
Скопје
20:54 - 19 април, 2024

Која е новата госпоѓа Бекам? Никола Пелц, холивудската злобна девојка

Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин, неодамна ја запроси љубовта на својот живот, американската актерка Никола Пелц, по само деветмесечна врска.

– Ја прашав својата сродна душа дали сака да ми биде жена и таа веднаш прифати. Ветувам дека ќе се обидам да бидам најдобриот сопруг, а понатаму и најдобриот татко на светот. Те сакам – порача Бруклин, во својата емотивна објава на социјалните мрежи веднаш по свршувачката.

Веста која родителите и пријателите на Бруклин ја прифатија со огромно задоволство, набрзо по свршувачката го отвори и прашањето која е, всушност, идната госпоѓа Бекам.

Бруклин и Никола/Profimedia

Бруклин и Никола ги запознала заедничката пријателка Софија Ричи, посвоената ќерка на пејачот Лајонел Ричи. Врската на двајцата млади идни сопружници почна во октомври 2019 година, во јануари стана јавна, за во март да почнат заедно да живеат во Њујорк.

На свршувачката, Никола добила свршенички прстен вреден повеќе од 150.000 долари, а според најавите, идното лето би требало да се одржат две венчавката и тоа по една на двете страни од Атлантикот.

Instagram

Ќерка на милијардер

Никола Пелц е четири години постара од Бруклин. Дваесет и петгодишната Никола е најмлада од осумте деца, шест синови и две ќерки на американскиот милионер Нелсон Пелц, кој се занимава со инвестиции, а неговото богатство се проценува на 1,3 милијарди фунти, па за него семејството Бекам со богатството вредно 370 милиони фунти се „ситни риби“.

EPA/NINA PROMMER

Тие се еврејско семејство, кое припаѓа на многу моќни кругови во САД, а колку се важни говори нивната организирана вечера неодамна во Флорида, на која присуствувал и Доналд Трамп.
Но, тоа не е сѐ. Наводно неговиот телефонски број е најден меѓу илјадниците броеви во црната листа на Џефри Епстајн.

Пелц и неговата трета сопруга, манекенката Клаудија Пелц се на глас дека ги отпуштаат вработените како што ќе им текне. Во 2016 година се нашле на суд кога нивниот возач и шетач на кучиња, Хуан Гонзалес, ги тужел бидејќи му дале отказ откако, поради болест, земал еден ден боледување.

Клаудија Пелц/Profimedia

Никола е многу поврзана со своите родители, а мајка си често ја нарекува своја најдобра пријателка.

Има лоша репутација во Холивуд

Никола има лоша репутација во Холивуд, барем според написите на медиумите.

Во интервјуата истакнувала дека во детството била „машкуданка“ и сонувала да стане професионална хокеарка. Но тие соништа биле заборавени кога на 12 години се запишала на часови по глума, со што на еден начин си го трасирала патот кон својата идна професија.

Никола со браќата/Instagram

Веќе на 13-годишна возраст била дел од поп-видео на Мајли Сајрус, но јавноста најмногу ја знае по улогата во „Трансформери“.

Пред да ја започне врската со најстариот син на Бекамови, Никол била вљубена и во Џастин Бибер, со кого беше во врска во 2016 година. Но врската не траше долго.

Instagram

Потоа, таа беше со сегашното момче на Дуа Липа, братот на Бела и Џиџи Хадид, Анвар Хадид. Беа заедно една година, а откако е снимен како се бакнува со Кендал Џенер, љубоморната Никола Пелц веднаш го оставила.

Во Холивуд е позната под прекарот „холивудската злобна девојка“, а многу нејзини колеги сметаат дека е таква бидејќи во животот сѐ ѝ било овозможено бидејќи е ќерка на милијардер.

Овој прекар го добила откако Бела Торн за Никола во едно интервју изјавила:

„Таа е во бизнисот и многу, многу е злобна. Се трудам да се држам што подалеку од неа, дури не ја ни поздравувам. Нејзините браќа и сестри не се злобни како неа. Само таа е таква. Една од причините поради кои не ја сакам е што пораснала во богатство и никогаш не морала ништо да работи.

Слични објави

„Ги преминува границите“: Марија Шерифовиќ проговори за грижата на својот син, а поради него имала расправија со мајка си

Еспресо

Ограбена Сандра Африка! Пејачката доживеала хорор на бензинска пумпа во Словенија

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Неда Украден: Пејачката сподели убава вест и испрати емотивни зборови до најважната личност во нејзиниот живот

Еспресо

(Фото) Мина Наумовиќ покажа колку ужива во мајчинството: Објави селфи што го одзема здивот

Еспресо

(Фото) Доживела страв и ужас: Ива Гргуриќ се огласи од Дубаи по страшните поплави

Еспресо

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо
Се вчитува....