29.7 C
Скопје
12:55 - 19 јуни, 2026

„Кога ми кажаа дека е болен, светот ми се сруши“: Сузана Јовановиќ за последните денови на Саша Поповиќ

Пејачката Сузана Јовановиќ со солзи во очите проговори за најтешкиот период во својот живот – болеста и заминувањето на нејзиниот сопруг, музичкиот маг Саша Поповиќ, кој почина на 1 март 2025 година.

Во емисијата „Година со Сузана“ на телевизија Курир, таа до детали ја раскажа нивната борба, признавајќи дека сознанието за неговата болест било најболниот момент што некогаш го доживеала

Сузана вели дека не можела да поверува дека човекот кого го знаела како силен, ведар и полн со живот, одеднаш толку драстично се променил.

„Кога гледате човек кој зрачи со енергија, а потоа болеста го менува и физички и психички – тоа е нешто што умот одбива да го прифати“, раскажа таа со треперлив глас.

Пресвртниот момент се случил по обичен лекарски преглед, кога по скенирањето лекарите ја замолиле да остане надвор од болничката соба.

„Во тој миг нешто ме пресече. Знаев дека нешто не е во ред, но не можев ни да помислам што ќе ни кажат“, се присетува Сузана.

Кога влегла кај Саша, лекарите соопштиле дека станува збор за тежок карцином. Таа признава дека и двајцата во првиот момент биле во шок и не сакале да поверуваат во дијагнозата.

„Прво плачевме, па дојде тишината. А потоа му реков: ‘Ќе се бориме, заедно’. И навистина почна борбата“, раскажа таа.

Лекувањето го продолжиле во Париз, каде што Саша примал терапија. Сепак, како што вели Сузана, кон крајот станало јасно дека надежта згаснува.

„Знаевме дека е крај кога едвај влезе во авионот. Во болницата веднаш видоа дека параметрите не се добри“, открива таа.

Најтешкиот момент, признава, бил кога лекарите ѝ кажале дека мора таа да му соопшти дека повеќе нема терапија.

„Не можев. Тоа е како и јас да умрев во тој миг“, вели Сузана, додавајќи дека Саша бил тој што неа ја тешел.

„Ми рече: ‘Суле, знам. Ова е крај. Немој да плачеш, мораш да бидеш силна, и за себе и за децата’“.

Во последните денови, Саша примал морфиум за да ги издржи болките, а Сузана решила да ги повика децата за да се простат од него.

„Кога им кажав дека татко им заминува, тоа беше болка што не се опишува. Како одново да ја преживуваш истата смрт“, вели таа.

Последниот момент засекогаш ѝ останал врежан во сеќавањето.

„Синот ми рече: ‘Мамо, Сале веќе не дише’. Во тој миг само извикав и го прегрнав. Не знам како преживеавме“, заклучи Сузана, со солзи што не можеше да ги задржи.

Слични објави

Нова ѕвезда на регионалната сцена – која е атрактивната русокоса од спотовите на Јаков Јозиновиќ?

E.A.

Шокантно признание на Бобан Рајовиќ – со години криел од семејството дека должи половина милион евра, сопругата сакала да скокне од тераса

E.A.

„Фала што си тука за мене“: Ќерката на Живкица Каленикова на посебен начин ѝ го честиташе роденденот на мајка си

Еспресо

(Фото) Српската водителка ги фотографираше кралот Чарлс и кралицата Камила: Била на чекор од монархот, еве што е поводот

Еспресо

(Фото) Рачно изработено богатство — нова страст на Татјана Стојановска

Еспресо

(Фото+видео) „Не сум татко за секој втор викенд“: Поранешниот на Марија Микиќ проговори за разводот и судската одлука за старателството

Еспресо
Се вчитува....