11.8 C
Скопје
15:37 - 30 март, 2026

Кејти Холмс ужива во „скромниот“ начин на живот, заедно со своето ново момче (ФОТО)

Поранешната сопруга на Том Круз, актерката Кејти Холмс (41) и нејзиното ново момче, осум години помладиот готвач Емилио Витоло (33), биле фотографирани од папараците додека се возеле во метро и се чини дека тие навистина живеат „нормално“, а не на холивудскиот начин на живот.

Имено, убавата актерка се чини се откажала од луксуз додека ужива во новата романса и честопати се гледа како патник во метро, ​​траект, изнајмени велосипеди и други градски возила.

Двајцата биле забележани од случајни минувачи кои ги фотографирале Кети и Емилио како стојат во метрото и гледаат во неодреден правец.

По тој повод, Кејти носела црна маица и бели панталони, додека Емилио имал сини фармерки и црна маица, а и двајцата носеле заштитни маски на лицата. Кети ја врзала косата во пунџа, на раката имала „обична“ голема торба, а фановите не го сакаат тоа што во последно време често се фотографира со мрсна коса и во малку неуредно издание.

Следниот ден, овие заљубени гулапчиња биле фотографирани во ресторанот на Емилио, каде седеле заедно со неговиот татко и јаделе евтина пица.

Двајцата уживаат во шармот на секојдневниот живот, иако Емилио се занимава со моделинг пред Кејти и често се дружи со познати холивудски личности како што се браќата Џо, Ник и Кевин Џонас, Дени Де Вито итн., а во нивниот ресторан гости биле Барак и Мишел Обама, Лени Кравиц, Дензел Вашингтон и многу други.

Инаку, Кејти е „тешка“ 25 милиони долари, додека Емилио има „само“ 1,5 милиони долари на својата банкарска сметка, се чини дека нивните финансии не се толку важни, судејќи според нивниот начин на живот.

Слични објави

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо
Се вчитува....