15:41 - 2 април, 2026

ЌЕ МЕНУВА ПРОФЕСИЈА: Дуа Липа главна ѕвезда на модната ревија на „Версаче“

дуа липа

Дуа Липа во петокот дебитираше на модната писта, и токму таа ја отвори и затвори модната ревија на брендот „Версаче“. Пејачката чекореше рамо до рамо со искусните модели Џиџи Хадид, Наоми Кемпбел и Ирина Шајк.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

Дуа за првпат ја видовме во улога на модел и многумина ќе се сложат дека одлично го изведе сево ова.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

Додека гордно чекореше по пистата, во позадина се слушаше нејзината музика, што иако за момент ги збуни сите присутни, Липа не запеја на овој настан.

Таа беше облечена во секси црна комбинација составена од црна јакна со вертикално деколте и соодветно здолниште со шлиц прицврстен со големи шарени безопасни игли. Таа носеше сандали со квадратна платформа, и впечатлива шминка во светло зелена боја.

Затворајќи го модното шоу, Липа по вторпат излезе на пистата, облечена во сјаен розов кроп топ и здолниште со висок шлиц со метален одјај.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

„Ми беше голема чест да ја отворам и затворам модната ревија на „Версаче“ вечерва во Милано, надреален момент што никогаш нема да го заборавам!“, напиша Дупа Липа во описот на својата објава на „Инстаграм“.

Слични објави

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо

Мистерија што сè уште интригира: Пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена пред 10 години, убиецот сè уште непознат 

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо
Се вчитува....