Раперот Канје Вест го прослави 43-от роденден, а по тој повод неговата сакана сопруга Ким Кардашијан пред целиот свет покажа колку тој и значи.
Таа ја искористи приликата за да ги отфрли сите неодамнешни нагодувања за проблемите во бракот и ја увери јавноста дека таа и Канје се сакаат повеќе од било кога.
– Среќен роденден мој кралу, напиша многу едноставен, а истовремено силен опис Ким Кардашијан на фотографијата со неа и сопругот, која јавноста досега немаше прилика да ја види.
Неодамна се појавија шпекулации во медиумите дека ријалити ѕвездата и раперот имаат несогласувања, дека не се разбираат и всушност гледаат во многу различни насоки, но се чини дека Ким со овие фотографии сакаше да ги побие сите гласини.