21:30 - 6 април, 2026

Канје Вест ја изненади Ким со подарок на кој многумина ќе ѝ завидат! (ФОТО)

Најпознатата ријалити ѕвезда на светот, пред некое време го прослави својот 39-ти роденден, а како најубав поклон го издвои оној од сопругот.

Ѕвездата се пофали со најубавиот поклон што го добила од својот сопруг Канје Вест, а станува збор за милионска донација во нејзино име за неколку хуманитарни организации.

Минатата година славниот рапер ја покажа својата романтична страна кога ја изненади Ким со романтична серенада која ја отсвири во соба исполнета со цвеќиња, но оваа година ги надмина сите очекувања на својата сопруга.

Вест донирал еден милион долари во добротворни цели на име Ким Кардашијан, а парите ги насочил кон организации за реформи во затворите, вклучувајќи ги и Cut 50, проектот наречен „Живи закопани“, Иницијативи за рамноправност и Коалиција против повторување.

„Добив прекрасни подароци од своето семејство, но Канје во мое име од него и децата, донираше милион долари на моите најдраги добротворни организации кои толку многу се бореа за реформите во затворите. Поради тоа сум пресреќна!“ , напиша Кардашијан на својот твитер-профил.

Славната Американка својот 39-ти роденден го славеше неколку дена. Таа со своите сестри уживаше во Палм Спрингс во Калифорнија, а тоа го сподели со своите фанови на друштвените мрежи, а исто така уживаше и во семејна вечера која се одржа во нејзиниот дом.

Слични објави

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо

(Фото) Иста како мама: Ретка слика на Кате од „Соната“ со ќерката Ана

msp-admin

Кеба се расплака среде емисија, Ѓорѓе Давид го тешеше: „Ме скрши на парчиња“

Еспресо

Луксуз од полно дрво без луксузен трошок – Одберете си масивна дрвена маса по цена што е реална и достапна

Еспресо
Се вчитува....