9.9 C
Скопје
16:24 - 18 декември, 2024

Како да изгледате млади и после 60-те: Само погледнете ја Брижит Макрон! (ФОТО)

Да изгледата младо и во вашите 60-ти, како? Само погледнете ја Брижит Макрон. Првата дама на Франција дефинитивно знае како да го направи тоа.

ФРИЗУРА
За Брижит Макрон може да се има различни мислења, но не можеме да го негираме фактот дека има убава и негувана коса. Должината на нејзината коса е до вратот и често го покрива (инаку, ниту една пластична операција не може да ги сокрие годините од вратот, деколтето и рацете). Убаво фенираната и бујна коса до рамена ги прикрива недостатоците на вратот.

Бојата е исто така многу битна. Мора да биде сјајна и изразена. Никако измиена и „измачена“. Сјајната коса и дефинираната боја ќе му дадат сјај на ликот.

Profimedia

БОЈАТА НА ОБЛЕКАТА
Традиционално, жените ширум светот, како што стареат така бираат се потемни нијанси на гардероба. Ретко ќе видите жена во позрелата возраст да носи разигран фустан во светло-сина или розова боја. Меѓутоа, тајната е … светлите бои лекуваат и подмладуваат.

Брижит скоро секогаш е исончана во ликот, а светлата облека ѝ дава поздрав и млад изглед.

Сметаме дека жената мора да има облини и дека вишокот на килограми е нормален, ако на жената не и пречи здравствено и психички. Но, вистина е дека повитките жени изгледаат помладо.

Profimedia

ПРЕДНОСТ НА ФИГУРАТА
Скоро секоја фигура има некои предности и недостатоци. Постојат идеални фигури, но и оние кои имаат свои недостатоци и предности.

Кај нас верувањата се дека доколку некоја повозрасна жена облече шорцеви, тоа е глупаво. Но постојат и шорцеви кои ни младите девојки не можат да ги носат. Некои жени имаат навистина прекрасни и негувани нозе, дури и во своите 60-ти.

Една од тие жени е и Брижит Макрон која има тенки и затегнати нозе кои понекогаш сака да ги покаже. Таа тоа добро го знае, па често ја гледаме во кратки здолништа.

Поради деловните обврски, Брижит е „приморана“ да носи и панталони, но таа секогаш бира тесни кроеви кои ѝ ги нагласуваат нозете.

Кога Брижит ќе облече здолниште или тесни панталони во јавност, таа е центар на вниманието. Првата дама плени со својот елегантен стил.

Пратете како се облака Брижит доколку сакате да изгледате помладо, нема да згрешите!

[foogallery id=”114320″]

 

Слични објави

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо
Се вчитува....