10.8 C
Скопје
20:38 - 10 април, 2026

Кајли Џенер мета на „Твитер“: Парите навистина не можат да купат класа или стил

Instagram

Кајли Џенер деновиве го привлече вниманието на социјалната мрежа „Твитер“, но овојпат не на начинот на кој сте навикнати.

Џенер на својот инстаграм-профил со своите обожаватели и следбеници сподели како изгледа нејзиниот розов мермерен туш, но корисниците на „Твитер“ пак, детектираа нешто многу неверојатно во нејзините објави…

Кајли го сподели видеото на 17 јануари и напиша „мојата бања>“ – со симболот што се чини дека имплицира дека нејзината бања е подобра од сè друго. Освен притисокот на водата, можеби?

Instagram
Instagram

Кајли Џенер живее во замок од 35 милиони долари, што е со притисокот на водата…“, напиша еден корисник на „Твитер“.

Во видеото на Кајли, тушот навистина изгледа огромен во споредба со притисокот на водата. Па, многумина едноставно не можеа да одолеат да не коментираат.

Замислете дека сте толку богати и имате ваков притисок на вода“, додаде друг корисник.

Парите навистина не можат да купат стил или класа“, истакна друг.

Џенер во новата година влезе со Тревис Скот и нивната 2-годишна ќерка Сторми во Аспен, Колорадо. Семејството славеше во куќа од 75 милиони долари со бел мермерен камин и сопствена куглана, меѓу другите раскоши.

Instagram
Instagram

Откако се врати во својата „скромна“ куќа – имот вреден 36,5 милиони долари во Холмби Хилс, Калифорнија, Џенер почна да објавува делови од нејзиниот дом, а обожавателите почнаа да коментираат дека можеби навистина и е досадно во карантин.

Куќата се протега на 15.000 квадратни метри со кошаркарско игралиште, базен, кино на отворено и слично.

twitter
Twitter

Џенер има само 23 години, а нејзиното богатство се проценува на 700 милиони долари, според „Форбс“.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.

Никогаш не го заборави: Брена со емотивна приказна за Лепи Бора

msp-admin
Се вчитува....