10:09 - 2 април, 2026

Илон Маск го паузираше купувањето на „Твитер“: Која е причината?

Милионерот Илон Маск изјави дека неговото преземање на „Твитер“ привремено е паузирано. Објасни и зошто.

„Договорот за преземање на „Твитер“ привремено е на чекање за да видиме дали лажните профили навистина претставуваат помалку од 5 отсто од корисниците“, рече Маск.

За потсетување, на крајот на април Маск објави купување на „Твитер“ за 44 милијарди долари. По тој повод се огласија и од „Твитер“.

„Твитер“ потврдува дека постигнат е дефинитивен договор за купување. Компанијата ќе биде целосно купена од ентитетот во сопственост на Илон Маск за 54,20 долари од акција. Трансакцијата се проценува на речиси 44 милијарди долари. По завршувањето на трансакцијата, „Твитер“ ќе стане приватна компанија“, соопштиja oд платформата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Uzbekistan Live (@uzbekistan___live)

„Акционерите на „Твитер“, во согласност со постигнатиот договор, ќе добијат 52,20 долара за секоја акција на ‘Твитер’ што ја поседуваат во моментот на договорената трансакција. Куповната цена е 38 отсто повисока од берзанската цена на акцииите на ‘Твитер’ на 1 април 2022 година, последниот трговски ден пред г. Маск да објави дека купил удел од речиси 9 проценти на „Твитер“, додаваат од компанијата.

Маск ќе стане сопственик на платформа што ја смета за јавно дигитално место за дискусија за витално важни содржини за човештвото.

„Слободата на говорот е основа на демократијата“, рече Маск.

Слични објави

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски едвај се спасил

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо
Се вчитува....