14.8 C
Скопје
01:36 - 23 октомври, 2026

Ѓоковиќ ја обожава Лаура Паусини, водителката на Евровизија: Сакал да ја ангажира да му пее на свадбата

Познатата италијанска пејачка Лаура Паусини, водителка на овогодинешната Евровизија во Торино, требала да пее на свадбата на Новак Ѓоковиќ со Јелена во 2014 година, пренесува Блиц. Таа наводно побарала 220 илјади евра за настапот, па Ѓоковиќ се откажал од ангажманот.

Познато е дека Ѓоковиќ е голем фан на италијанската ѕвезда. Лаура е голема музичка ѕвезда во родната Италија и снима песни на италијански, шпански, португалски, англиски и француски јазик и има голем успех.

Во текот на нејзината кариера, Лаура има добиено две светски музички награди, во 1994 и 2003 година за најдобар италијански изведувач, платинаста награда за најпродаван изведувач во Европа, Греми за најдобар вокал на поп албум во 2005 година и Греми за најдобар латино поп албум. Лаура е првата пејачка од Италија која освоила Греми.

Слични објави

„Комшилук“ освои европска награда за „Травијата во три чина“

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац во бело од глава до пети – позираше во корсет со необичен крој и панталони што ја издолжуваат силуетата

Еспресо

Се огласи Весна Змијанац по тајната венчавка на Николија и Реља – пејачката беше преплавена од емоции

Еспресо

Рада Манојловиќ првпат проговори за гласините дека купила стан и автомобил

Еспресо

(Фото) Игор Џамбазов ја гризе Ивана Кнез за стапалото: „Животот е поубав од филм, ако умееш да го живееш“

К.С.

(Видео) Објавена снимка од тајната венчавка на Николијa и Реља: Заводливо танцуваа, а пејачката блескаше во елегантна венчаница

apostolova
Се вчитува....