23:47 - 31 октомври, 2026

Илчо од „Дупер“: Не сфаќам зошто жените имаат потреба да се сончаат топлес

Илчо Нечовски од популарното македонско музичко дуо „Дупер“, иако важи за молчелив човек, во едно телевизиско гостување неодамна се отвори за одредени интересни прашања.

Кога водителката го праша каков костим за капење би одбрал: танга или долги шорцеви, пејачот рече дефинитивно шорцеви!

„Зошто би одбрал танга освен за да те зезам сега. Не ми е јасно зошто тој дел од телото некој би го сончал, не сфаќам и која е потребата кај жените и кога сончаат гради. Видете, на нас мажите ни е супер тоа да го видиме, но не ја гледам логиката“, вели тој.

Илчо во интервјуто откри и дека е заљубен, но сè уште не размислува за брак.

Во однос на тоа како се поврзани со Борис, тој кажува дека се драстично различни, ги интересираат различни работи и често имаат различни гледишта за работите. Но според пејачот, добро е кога си различен и се надополнуваш меѓусебно.

„Ние знаеме да ги комуницираме разликите, имаме заедничи јазик за тоа и затоа и опстојуваме“, вели Нечовски .

Но, хуморот и вредносите ги спојуваат. Годинава бендот има за цел да издаде албум, дотогаш го  слушаме хитот  „Може, може, може“.

 

 

 

 

Слични објави

(Фото) Во црно од глава до пети – Северина го врати модниот хит од 80-тите

Еспресо

Луна Ѓогани искрено за бракот и лошите искуства: „Марко ми ја виде душата, а остана со мене и покрај сите мои маани“

E.A.

(Видео) Жаре од „Еден на еден“ се присети на Тоше Проески: „Таква енергија не можеш да опишеш со зборови“

К.С.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ со својот син наскоро пристигнуваат во Србија – во семејството се подготвува голема прослава

Еспресо

Балкански музички ѕвезди кои трагично ги загубија животите во сообраќајни несреќи

Е.А.

Сестрата на Тоше Проески, Дора, сподели емотивно видео од Тоше со татко му Никола

Еспресо
Се вчитува....