20.8 C
Скопје
14:41 - 11 октомври, 2026

„Мислев дека ќе биде тромава, а таа носеше високи потпетици“: Цеца откри детали за бременоста на Анастасија

Откако неодамна стана баба по четврти пат, фолк-пејачката Цеца Ражнатовиќ сè почесто зборува за приновата во семејството. По раѓањето на првото дете на нејзината ќерка Анастасија, таа откри како ја доживеала нејзината бременост и призна дека била изненадена од тоа колку била активна.

Иако Анастасија одлучи бременоста да ја задржи далеку од очите на јавноста и ретко споделуваше детали на социјалните мрежи, според Цеца, таа во текот на целиот период водела сосема вообичаен живот.

„Анастасија не ја криеше посебно бременоста. Таа функционираше нормално, како и секоја друга жена во бременоста, едноставно не сакаше тоа да го споделува јавно и да објавува на социјалните мрежи. Најблискиот круг на пријатели знаеше од самиот почеток“, изјави Цеца за „прва“.

Пејачката откри дека очекувала ќерка ѝ во последните месеци од бременоста да биде помалку подвижна, но реалноста била сосема поинаква.

„Јас мислев дека во последните месеци може да биде тромава, поради тежината, поради сè, бидејќи на повеќето трудници им се случува тоа. Но, не, она носеше високи потпетици, јас бев шокирана. Таа излегуваше на вечери, носеше високи потпетици, се облекуваше во склад со можностите, но беше многу, многу подвижна и динамична трудница, што е супер и за неа и за бебето. Убаво е што повеќе да се движи, само високите потпетици ми беа фасцинантни“, рече Цеца.

По породувањето, пејачката не ја криеше среќата што семејството доби нов член.

„Јас сум богата жена. Не постои поголемо богатство и радост од тоа кога ви се раѓаат внуци, здрави, убави и силни. Внукот е одлично, Анастасија е одлично“, изјави таа.

Слични објави

(Фото) Сека Алексиќ ослабела 21 килограм, а сега откри и како го постигнала тоа

Еспресо

Тијана Дапчевиќ: Најголемата заблуда е дека имам дрво од кое берам пари

Еспресо

Која храна ги зајакнува коските, а која може да им наштети? Овие намирници се важни за нивното здравје

К.С.

Марија Шерифовиќ: „Не постои поромантична личност од мене, штета…“

E.A.

Печени костени какви што досега не сте пробале: Додајте им две состојки за неодолив вкус

К.С.

Дневен хороскоп за 11 октомври: Бидете подготвени за денешните предизвици

Еспресо
Се вчитува....