14:45 - 21 ноември, 2026

Десингерица искрено за приведувањето во Црна Гора и шишањето на публиката

Српскиот репер Драгомир Деспиќ – Десингерица проговори за неодамнешното приведување на црногорското приморје, откривајќи дека минал неколку часа во полициска станица бидејќи кај себе немал лична карта.

„Виновен сум што немав документи и не се срамам од тој прекршок. Ја платив казната, ги испочитував законите на туѓа држава и нема потреба да правиме филм од тоа што бев малку во станица. Полицајците само си ја вршеа работата“, изјави тој.

Реперот ги коментираше и честите полициски рации во клубовите каде што настапува, истакнувајќи дека тоа е нормална процедура и дека ноќниот живот на приморјето годинава е значително помирeн.

Покрај приведувањето, бура во јавноста предизвикаа и снимките на кои тој ја шиша публиката за време на настапите. Десингерица тврди дека никогаш никого не принудува, туку фановите сами молат за тоа од првите редови.

„Велат: ’Ги шиша луѓето’. Па ајде тогаш да ги затвориме сите фризерски салони. Прават од мене како да сум сериски убиец, а јас само правам добра журка. Не планирам ништо однапред – некој сака да се ошиша, некој да јаде, а јас само ги почитувам желбите на публиката. Ако сум прекршил закон, ќе одговарам“, заклучи реперот.

Слични објави

(Фото) Од борбата повторно да застане на нозе до уживањето во ледените води – Ледената кралица Бетика покажа што ја прави среќна

apostolova

Оваа намирница може да ја подобри меморијата — научниците открија што се случува со мозокот ако ја јадете секој ден

К.С.

Зорица Брунцлик за тешкото детство: „По разводот, кај мајка ми јадев едно јајце поделено на четири“

К.С.

„Можете да ме побарате на телефон“ – Ребека Јанковска-Ристески им понуди поддршка на родителите на деца со посебни потреби

Еспресо

Денеска е Аранѓеловден — што не треба да правите на големиот празник посветен на Свети Архангел Михаил?

К.С.

Дино Мерлин: „Татко ми замина кога имав седум години, а мајка ми правеше сè да нè изведе на прав пат“

Е.А.
Се вчитува....