21.8 C
Скопје
15:53 - 11 октомври, 2026

(Фото) Перо Антиќ и Сања Ристиќ прославија три години љубов: „Среќна годишнина, моја љубов и светлина“

Поранешниот македонски кошаркар Перо Антиќ и неговата партнерка Сања Ристиќ одбележаа три години од почетокот на нивната љубовна врска. Јубилејот го прославија во романтична атмосфера во Афитос, на Халкидики, од каде што споделија заеднички фотографии на социјалните мрежи.

Двојката уживаше во вечера во ресторан сместен на карпа со прекрасен поглед кон морето, а по тој повод разменија и емотивни пораки.

„Среќна годишнина и уште многу заедно, моја љубов и светлина“, напиша Сања на фотографија објавена на Инстаграм Стори.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Перо, пак, објави заедничка фотографија со кратка, но симпатична порака:

„три години со ова ѓаволче“, напиша тој, додавајќи емотикон во форма на срце.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Дека нивната врска е исполнета со љубов и меѓусебна поддршка, Сања откри и во интервју за „Слободен печат“, каде што зборуваше за почетоците на нивната романса.

„Сосема спонтано, искрено никогаш во животот не сум ни помислила дека нашите два карактери би можеле да се синхронизираат заедно. И двајцата сме прилично темпераментни карактери. Ме освои со својот самоуверен пристап, а уште повеќе што од прв ден ме прифати токму онаква каква што сум, со сите мои квалитети и маани, и ме нарече ‘мое совршенство’. Нема поубаво од човек да е слободен во својата кожа и да е прифатен онаков каков што го создала природата“, изјави тогаш Сања за „Слободен печат“.

 

Слични објави

Сузана Манчиќ го продаде станот и откри зошто нејзиниот сопруг спие во хотел: „Кога го виде тоа, донесе одлука“

Еспресо

Чолиќ го испратил возачот пред зградата на српската пејачка! Она што ѝ го дал ќе го памети до крајот на животот

Еспресо

(Фото) Сека Алексиќ ослабела 21 килограм, а сега откри и како го постигнала тоа

Еспресо

Тијана Дапчевиќ: Најголемата заблуда е дека имам дрво од кое берам пари

Еспресо

Која храна ги зајакнува коските, а која може да им наштети? Овие намирници се важни за нивното здравје

К.С.

Марија Шерифовиќ: „Не постои поромантична личност од мене, штета…“

E.A.
Се вчитува....