20.8 C
Скопје
14:27 - 11 октомври, 2026

(Фото) Северина ужива во летото со синот Александар: „Со вкус на море, со вкус на сол…“

Пејачката Северина деновиве ужива на одмор во Оребиќ, од каде што со своите следбеници на Инстаграм сподели серија фотографии и видеа од летните денови покрај морето.

„Со вкус на море, со вкус на сол…“, напиша таа во описот на објавата.

Најголемо внимание привлече фотографијата на која позира со синот Александар. Следбениците веднаш забележаа колку пораснал 14-годишникот, а многумина коментираа дека сега е повисок од својата мајка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)


Александар во февруари го прослави својот 14. роденден, а по тој повод Северина му посвети емотивна објава.

„Четиринаесет години… откако за првпат вдиша, а јас за првпат сфатив колку срцето може да сака. Поминав низ бури само за да те прегрнам и низ тишини во кои одекнуваше само твоето име. И сè би направила повторно. Кога настана оваа песна, ти не го познаваше светот толку добро како мене… И се надевам дека никогаш нема да го запознаеш… Среќен 14. роденден, сине мој“, напиша тогаш пејачката.

Неодамна, Александар го прими и светиот сакрамент на потврдата (кризмата), а Северина сподели фотографии од семејната прослава.

„Кризманик, кума, мама… Семејството и пријателите ти посакуваат убав, среќен и благословен живот, сине мој прекрасен“, напиша таа покрај фотографиите од свечениот ден.

Слични објави

(Фото) Сека Алексиќ ослабела 21 килограм, а сега откри и како го постигнала тоа

Еспресо

Тијана Дапчевиќ: Најголемата заблуда е дека имам дрво од кое берам пари

Еспресо

Која храна ги зајакнува коските, а која може да им наштети? Овие намирници се важни за нивното здравје

К.С.

Марија Шерифовиќ: „Не постои поромантична личност од мене, штета…“

E.A.

Печени костени какви што досега не сте пробале: Додајте им две состојки за неодолив вкус

К.С.

Дневен хороскоп за 11 октомври: Бидете подготвени за денешните предизвици

Еспресо
Се вчитува....