00:09 - 1 ноември, 2026

(Фото) Се породи Едита Арадиновиќ: Пејачката ја доби ќерката Зоја

Пејачката Едита Арадиновиќ се породи и на свет донесе девојче, а според информациите што ги пренесуваат српските медиуми, мајката и бебето се во добра здравствена состојба.

Породувањето било извршено со царски рез во Гинеколошко-акушерската клиника „Народен фронт“ во Белград. Иако пејачката сè уште не се огласила јавно, блиски извори наведуваат дека е пресреќна што конечно ја запознала својата ќерка.

Пејачката утрово им се обрати и на своите следбеници, откривајќи дека поради породувањето не била активна на социјалните мрежи.

„Не ме имаше вчера затоа што се породував, но тука сум. Продолжуваме со содржините, само да застанам малку на нозе“, напиша таа низ шега.

Потоа објави и фотографија со својата ќерка и додаде:

„Зоја, 22.07.2026. Ви благодарам, добри луѓе. Ова чувство е незаменливо!“

Нејзината наследничка го доби името Зоја, кое потекнува од грчкиот јазик и значи „живот“. Ова име често се поврзува со радост, нов почеток и животна енергија.

Татко на девојчето е Ненад Стевиќ, со кого Едита повеќе не е во емотивна врска. Пејачката за првпат го претстави во јавноста кон крајот на минатата година, кога заедно се појавија на концерт на нејзина колешка.

По веста дека очекуваат дете, двајцата ставија крај на љубовната врска, но останаа во добри односи. Според досегашните информации, заеднички ќе се грижат за нивната ќерка Зоја.

Слични објави

(Фото) Во црно од глава до пети – Северина го врати модниот хит од 80-тите

Еспресо

Луна Ѓогани искрено за бракот и лошите искуства: „Марко ми ја виде душата, а остана со мене и покрај сите мои маани“

E.A.

(Видео) Жаре од „Еден на еден“ се присети на Тоше Проески: „Таква енергија не можеш да опишеш со зборови“

К.С.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ со својот син наскоро пристигнуваат во Србија – во семејството се подготвува голема прослава

Еспресо

Балкански музички ѕвезди кои трагично ги загубија животите во сообраќајни несреќи

Е.А.

Сестрата на Тоше Проески, Дора, сподели емотивно видео од Тоше со татко му Никола

Еспресо
Се вчитува....