15.8 C
Скопје
21:13 - 11 октомври, 2026

Во 86-та година од животот почина Наум Бурназ, доајенот на македонската песна,

На 86-годишна возраст во Охрид вчера почина Наум Бурназ, доајенот на македонската песна, кој го посвети својот живот на музиката.

​Бурназ зад себе остави богата кариера исполнета со голем број антологиски интерпретации кои остануваат трајно запишани во националната музичка ризница. Неговиот специфичен вокал и автентичниот пристап кон изворниот мелос ги освоија симпатиите на бројни генерации, правејќи го еден од најпрепознатливите гласови на нашата естрада.​

-Дедичко мој најсакан… Денес нѐ напушти и ти, за да бидеш повторно заедно со нашиот најмил и непрежален татко. Вечно ќе живееш во нашите срца. Ти беше мојот идол. Поради тебе ја избрав музиката и пеењето и тргнав по тој пат. Никогаш нема да ги заборавам сите наши прекрасни спомени, макотрпната работа пред настапите и твоите совети, кои секогаш ми беа најважни.
Неизмерно сум среќна и горда што имав таков прекрасен дедо.
Ќе продолжам да чекорам напред со музиката, а знам дека ти засекогаш ќе ме гледаш, ќе ме чуваш и ќе ме поддржуваш од небото.
Почивај во мир, дедичко мој. Љубовта кон тебе никогаш нема да згасне – напиша на Фејсбук неговата внука Мирјана Бурназ Кремшо, која продолжи по неговите стапки, и откако дипломираше соло пеење во Скопје, ги продолжи своите уметнички усовршувања во Германија каде што се стекна со титулата магистер по отсек пеење, пишува Викимедиа.

Во текот на целиот свој живот тој неуморно работеше на афирмација и зачувување на македонскиот фолклорен идентитет, достоинствено претставувајќи ја нашата музика како во земјава, така и пред македонската дијаспора ширум светот.

​Бројни колеги, естрадни уметници и почитувачи со длабока тага се простуваат од охридскиот музички доајен, истакнувајќи дека македонската сцена загуби исклучителен уметник, чиј лик и песна засекогаш ќе останат дел од културната меморија на Македонија.

Тој долги години беше дел од ансамблот на македонската опера од каде што замина во пензија, а останува запаметен по својата изведба на охридските староградски песни, како и по неговите песни, помеѓу кои најпознати се „Бор садила мома Евгенија“, „1762 лето“ (Песна за патрикот) по текст на Григор Прличев, и други.

Последна почит ќе му биде оддадена во капелата на Градските гробишта во Охрид, денес – 23 јули од 13.00 часот, објави на социјалните мрежи семејството Бурназ.

 

Слични објави

Јаков Јозиновиќ предизвика реакции во Србија поради песна од Томпсон, дел од јавноста бара бојкот на концертите

К.С.

„Немам време за себе“ – реченицата со која полека се ставаме на последно место

Еспресо

Нова диплома за Марија Панчева: Ќерката на Маја и Дарко го заврши и вториот факултет

Еспресо

Сузана Манчиќ го продаде станот и откри зошто нејзиниот сопруг спие во хотел: „Кога го виде тоа, донесе одлука“

Еспресо

(Видео) Андрија Милошевиќ ги стопи срцата на сите со видео од дома: Неговиот син го снима и се смее на глас

Еспресо

Чолиќ го испратил возачот пред зградата на српската пејачка! Она што ѝ го дал ќе го памети до крајот на животот

Еспресо
Се вчитува....