20.8 C
Скопје
17:03 - 11 октомври, 2026

Дневен хороскоп за 23 јули: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

Овен

Денешниот ден ќе ве натера да размислите пред да проговорите. Некои зборови, и ваши, и туѓи, ќе имаат поголема тежина од вообичаено. Вреди да забавите и да се повлечете од бучавата околу себе.

Бик

Ќе почнете да ги согледувате вистинските вредности што ги негувате. Денес ќе ве привлечат мали, речиси незабележливи нешта – допир, мирис, тивка реченица. Животот ќе ви покаже насока – само не брзајте.

Близнаци

Љубопитноста може да ве одведе во неочекуван правец. Разговор што започнува без намера, може да ви ја отвори вратата кон нешто сосема ново. Деталите ќе имаат поголема важност од што мислите.

Рак

Интуицијата ќе ви биде засилена, но емоциите ќе бидат измешани. Не е ваша задача да ги решавате сите туѓи проблеми. Понекогаш, доволно е само тивко и искрено присуство.

Лав

Некој ќе го побара вашето внимание, но прашањето е дали навистина сакате да го дадете. Вашата енергија може и да зближи и да оддалечи – затоа бидете внимателни со тишината на другите.

Девица

Она што долго време сте го потиснувале, денес може да исплива на површина – преку збор, слика или мирис. Денот е добар за нов почеток и за внатрешно средување.

Вага

Сосема случаен состанок може да ви го разубави целиот ден. Ќе добиете потврда за нешто во што долго сте се сомневале. Отворете се за убави зборови – ги заслужувате.

Скорпија

Подлабоките чувства ќе ве обземат. Но вие никогаш не се плашите од длабочина – напротив, таму се чувствувате свои. Понекогаш, едно молчење говори повеќе од цели разговори.

Стрелец

Денот носи можности за мали авантури. Дозволете си ново искуство, ново лице, нова мисла. Можете многу повеќе отколку што претпоставувате – само ако престанете да се штитите.

Јарец

Практичноста ќе ве води, но не ја занемарувајте емоционалната страна. Некој блискa може да ви се обрати со зборови што ќе ве разнежнат. Дозволете им да дпрат до вас.

Водолија

Ќе почувствувате силна желба за промена – било надворешна, било внатрешна. Денешниот ден ќе ве турка да излезете од рамките. Храброста е добредојдена, но и свесноста за последиците.

Риби

Вашата емпатија ќе биде неопходна за некого. Она што светот го нарекува слабост, денес ќе се покаже како најсилна страна. Поврзаноста со некој за кого мислевте дека е далечен ќе стане многу значајна.

Слични објави

(Видео) Андрија Милошевиќ ги стопи срцата на сите со видео од дома: Неговиот син го снима и се смее на глас

Еспресо

Сузана Манчиќ го продаде станот и откри зошто нејзиниот сопруг спие во хотел: „Кога го виде тоа, донесе одлука“

Еспресо

Нова диплома за Марија Панчева: Ќерката на Маја и Дарко го заврши и вториот факултет

Еспресо

Чолиќ го испратил возачот пред зградата на српската пејачка! Она што ѝ го дал ќе го памети до крајот на животот

Еспресо

(Фото) Сека Алексиќ ослабела 21 килограм, а сега откри и како го постигнала тоа

Еспресо

Тијана Дапчевиќ: Најголемата заблуда е дека имам дрво од кое берам пари

Еспресо
Се вчитува....