14:16 - 7 ноември, 2026

Хелена Кристенсен во своите 50-ти освојува со заводливата убавина

Поранешниот модел за „Викторијас сикрет“ и денес воодушевува со своето вито тело и младешко лице, а тоа го покажа и во фотосесијата за долна облека од новогодишната колекција на овој бренд.

Данската убавица, на која многумина се сеќаваат од спотот на Крис Ајзак „Wicked Game“, и денес изгледа сензационално, а нејзината заводлива фигура и преубаво лице оставаат без здив.

Хелена (51) која својата необична убавина им ја должи на перуанските корени од мајчина страна, покажа дека воопшто не се сменила од деновите на нејзината најголема слава во 90-тите до денес.

Таа е во врска со Норман Рејдус, го има 20-годишниот син Мингус и секој слободен миг го поминува во природа, за која вели дека позитивно влијае на нејзиниот дух, но и телото. Како тајна за својата беспрекорна линија и младешки изглед, го истакнува редовниот тренинг во природа.

– Пливајте во морето, океанот, реката, планинарете – сето тоа се одлични вежби што воопшто не изгледаат така. Овие активности се забавни и ви даваат добро чувство – изјави Хелена во едно интервју и додаде дека локдаунот го минува во природа, бидејќи најдобро ја опушта.

Слични објави

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.
Се вчитува....