16:10 - 31 март, 2026

Харисон Форд повторно ќе се врати на улогата за Индијана Џоунс!

Актерот Харисон Форд (78) повторно ќе ја одигра улогата на Индијана Џонс во петтиот и последен филм од серијата авантури на бестрашниот археолог, што се очекува да биде во киносалите во 2022 година, официјално објави Дизни и ги изненади обожавателите.

„Ние сме во фаза на пред-продукција за новиот и најнов филм за Индијана Џонс и секако лично за Инди, Харисон Форд се враќа да го заврши патувањето на таа легендарна фигура“, изјави претседателката на Лукасфилм, Кетлин Кенеди, на конференцијата организирана од Дизни.

На местото на режисер ќе застане Џејмс Менголд (Логан, Ле Ман66), кој ќе го замени Стивен Спилберг кој беше префрлен во продукција.

Снимањето ќе започне во пролетта 2021 година, а филмот се предвидува да се појави во кино-салите во јули 2022 година.

Фото: Инстаграм

Инаку во 2016 година, Дизни го објави крајот на авантурата на Индијана Џонс филмот првично закажан за 2019 година, но проектот беше одложен поради несогласувања меѓу продуцентите, сценаристите и Стивен Спилберг.

Слични објави

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin
Се вчитува....