8.8 C
Скопје
01:18 - 20 февруари, 2026

Глумицата категорична: „Езел е наркоман, а јас со такви не сакам пред камера“

Еден од најплатените турски актери, Кенан Имирзалџиоглу (45), кој го памтиме од серијата „Езел“, се враќа на малите екрани. Откако одбрал во која серија сака да глуми, на ред дошол изборот на партнерката. Овојпат, глумецот посакал покрај камерата да застане со една од најголемите турски ѕвезда, Туба Башијакстан (37), позната по улогата на Аси. Туба веднаш се согласила на состанок, но тој за жал не поминал како што сакале продуцентот и Имирзалџиоглу.

– Туба беше многу среќна кога Керем и се јави. Таа сакаше да се врати на малите екрани, но сценаријата што и ги нудеа не и се допаѓаа. Проектот на Керим и се допадна, а проблемот настана кога Туба дозна кој ќе и биде партнер, раскажал извор близок до глумицата.

Продуцентот и понудил да и го удвои хонорарот, но таа останала на своето.

– Не станува збор за парите, туку за одбојноста на самата идеја да глуми со наркоман. Рече дека за ниту една сума нема да застане пред камерите со него. Додаде дека повеќе би сакала да снима со непознат глумец отколку со него“, кажува изворот.

Турските медиуми се чудат што токму Туба дели морални лекции бидејќи последниве години таа редеше скандал по скандал.

Прво, беше во тајна врска со Мурат Јилдрим (40) на сетот на „Аси“. Потоа се нагаѓаше кој е таткото на нејзините седумгодишни ќерки близначки. Цела Турција зборуваше за нејзиниот развод, а гласините беа засилени кога се дозна за нејзината врска со Умут Евирген.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо
Се вчитува....