6.8 C
Скопје
08:45 - 1 април, 2026

ГЕОПОЛИТИКА И ШОУБИЗНИС: Украина е фаворит на овогодинешната Евровизија!

Кич, раскош и геополитика. На изборот за песна на Евровизија, кој се враќа на малите екрани следната недела, Украина е фаворит за победа, додека на Русија и е забрането да се натпреварува.

Песната „Стефанија“ на украинската фолк-рап група Калуш Оркестар е најголемиот фаворит за победа на натпреварот кој годинава се одржува од 10 до 14 мај во италијанскиот град Торино.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EUROVISION NEWS (@esc_news_)


Организаторите и забранија на Русија да се натпреварува ден по почетокот на инвазијата на Украина кон крајот на февруари, пишува Хина, пренесува Н1.

Поради стиховите како „Секогаш ќе го најдам патот до дома, дури и ако сите патишта се уништени“, обложувалниците очекуваат дека Украина ќе има огромна јавна поддршка.

Водечките обложувалници на прво место на фан страницата на Евровизија го ставија оркестарот Калуга, додека на второ место ги ставија домаќините – Италијанците.

Махмуд и Бланко сакаат да го повторат минатогодишниот успех на Италија со песната „Бривиди“, кога победи Манескин со песната „Zitti e Buoni“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KALUSH (@kalush.official)


Но, со Евровизија, која привлече повеќе од 180 милиони гледачи низ Европа минатата година со мешавина на поп, екстравагантна облека и меѓународни односи, сè е можно.

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....