Луѓето станаа вистински зависници од социјалните мрежи, но и некои домашни миленици. Австралискиот овчар – женка, по име Сикрет најпрво се заљубила во јогата, која ја практикува во друштво на нејзината сопственичка Мери, а сега научила да користи и мобилен телефон, па го снимила и своето прво видео на „ТикТок“.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Сикрет со нејзината муцка, на веќе поставената мобилен телефон го притиснала копчето за снимање и започнала да скока и да се позира пред камерата како вистинска инфлуенсерка.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Мери го објавила видеото на социјалната мрежа „ТикТок“, како и на „Инстаграм“, а истото за многу кратко време стана вирално.
View this post on Instagram
– Јас сум многу горда на неа! Ја научив Сикрет како самата да се фотографира и снима. Мислев да не го објавувам ова на Инстаграм, но на крајот ова видео насмеа многу луѓе, корисници на социјалните мрежи и драго ми е што не погрешив со одлуката, изјавила Мери, сопственичката на ова паметно куче .
Сикрет наголемо ги освојува фановите ширум светот, а нејзниот профил брои повеќе од милион следбеници. одлично позира пред камера и слободно можеме да кажеме дека е „Јелена Карлеуша“ меѓу кучињата.