15:00 - 28 ноември, 2026

(Фото+видео) Ѓоковиќ заигра во „куќичката“ на Бед Бани – тенисерот беше на концерт на најпознатиот латино пејач

Само неколку дена пред стартот на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ направи кратка пауза од подготовките и се препушти на музика и добра атмосфера. Српскиот тенисер присуствуваше на концертот на латино суперѕвездата Бед Бани во Лондон.

Ѓоковиќ беше дел од публиката на првиот концерт што пејачот го одржа во британската престолнина, а на својот Инстаграм сподели заедничка фотографија со музичарот, која брзо привлече внимание кај неговите следбеници.

Според пишувањата на странските медиуми, српскиот ас целосно уживал во концертната атмосфера. Освен што се фотографирал со Бед Бани, тој танцувал на латино ритмите и се забавувал пред враќањето на тениските обврски и настапот на најпрестижниот грен слем турнир.

Концертот собра бројни познати личности од светот на музиката, филмот и спортот. Меѓу присутните беа и пејачката Адел, како и Џо Џонас, кои исто така беа дел од публиката на еден од најочекуваните концерти во Лондон ова лето.

@jayj10x Bad Bunny & Novak Djokovic – acho pr es otra cosa – La Casita #badbunny #meportobonito #voyallevartepapr #novakdjokovic ♬ original sound – Jay

Слични објави

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.

Васил Зафирчев: Моите родители не сакаа да бидам актер

Еспресо

Таско за Панчо од ДНК: Знаеше да се бори со моите демони кога никој друг не знаеше

Еспресо

Николија Јовановиќ по концертот во „Сава центар“: „Бев во паника поради брзите пресоблекувања, а Реља ми беше најголема поддршка“

Е.А.
Се вчитува....