20.8 C
Скопје
17:06 - 12 март, 2026

(ФОТО) ВЕЛИГДЕНСКАТА ТРПЕЗА на ВИКИ ЧАДИКОВСКА: Шарени велигденски јајца и голема домашна торта со јагоди!

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото Воскресение. Славењето на големиот христијански празник Велигден е еден од најубавите периоди во годината.Традиционалното фарбање на јајцата кое започнува на Велики Четврток го обележува почетокот на празничната атмосфера во сечиј дом.

Дел од нашите познати јавни личности преку социјалните мрежи се пофалија со велигденските јајца и декорации кои ги креираа по повод големиот христијански празник.

Фото: Принтскрин / Instagram

Една нив беше и Вики Чадиковска, нашата позната новинарка, која на својот инстаграм-профил откри мал дел од празничната подготовка по повод денешниот празничен ден.

Прекрасни разнобојни велигденски јајца, свежо цвеќе, празнични украсни, свежо овошје и неодолива домашна торта со јагоди ја красеа семејната трпеза на Чадиковски.

Фото: Принтскрин / Instagram

„Мир во душите, љубов нека ве грее, семејството нека ве радува, здравјето да ве чува. Честит Велигден“ – напиша новинарката во описот на фотографијата.

Слични објави

(Фото) Повеќе од 50 милони! Луна Ѓогани се пофали со својот голем успех по враќањето од Малдивите

Еспресо

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Воспаление на слепо црево – симптоми и дијагностика

Еспресо

Александра Радовиќ собира средства за обнова на манастир од 15 век

Е.А.

Традиционален македонски рецепт за питулици со сирење

Еспресо

Ѓани итно хоспитализиран! Српскиот фолкер е примен на ВМА, соопшто неговата сопруга

Еспресо
Се вчитува....