8.8 C
Скопје
16:32 - 19 февруари, 2026

(ФОТО) ТУРУНЏИЕВА СО ДОСЕГА НЕВИДЕНА ФОТОГРАФИЈА ВО СПОМЕН НА ЕСМА: Една принцеза и една кралица…

На 11 декември, пред 5 години, на 73 годишна возраст згасна животот на кралицата на ромската музика. Есма Реџепова почина по кратко боледување. Оваа вест одекна низ Македонија, но и пошироко.

Со спомен на Рецепова, нашата позната пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева на својот фејсбук – профил сподели досега невидена фотографија од Есма која по прегратка ја држи ќерката Матеа.


Една принцеза и една кралица. Изминаа 5 години од прераното заминување на големата хуманистка, ненадминливо пеачко чудо, мајка на многу деца кои за жал не ги имаше родено кралица на ромската песна Есма Реџепова Теодосиевска… Почивај во мир Голема Жено, почивај во мир Кралице, стои во описот на објавата на Сузана која ја сподели на својот фејсбук – профил.


Кралицата на ромската музика неуморно работеше и пееше додека не испушти здив. Есма сними и објави повеќе од 580 песни, меѓу кои и две платина и осум златни дискови. Одржа повеќе од 22.000 концерти, од кои една третина се одржаа за добротворни цели. Со Ансамблот Теодосиевски сними 108 синглови, 32 компактни касети, 15 дискови, шест видеокасети и бројни телевизиски емисии.


Реџепова најмногу пееше на ромски и македонски јазик, но исто така сними песни на српскохрватски, турски, хебрејски, грчки и хинди. Реџеповите песни често зборуваат за љубовта, тагата и бракот. Една од нејзините најпознати песни наречена Чаје Шукарие стана химна за сите Роми насекаде низ светот.

Слични објави

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо

„Простете ми за моето грдо минато“: Аца Лукас проговори за дуетите со Цеца и направените грешки

Еспресо
Се вчитува....