13:58 - 16 ноември, 2026

(Фото) „Тој поглед…“: Андрија Милошевиќ со емотивно збогување од Жарко Лаушевиќ

Веста за ненадејната смрт на српскиот актер Жарко Лаушевиќ го растажи целиот регион.

Пораки за последно збогум пристигнуваат од сите страни – од блиските пријатели и соработници, па сѐ до бројните обожаватели од цела поранешна Југославија.

Меѓу нив е и актерот Андрија Милошевиќ, кој напиша емотивна порака за својот постар колега на својот инстаграм-профил.

„Ми се допадна оваа фотографија. Тој поглед го паметат генерациите од некои дамнешни времиња. Од времето кога сум роден. Страшен поглед. Чист и недвосмислен.

Драго ми е што нашиот заеднички пријател ти ја пренесе онаа моја порака.

Збогум“, напиша Милошевиќ во описот на фотографијата од младоста на Лаушевиќ.

Потсетуваме, Жарко Лаушевиќ почина денеска на 64-годишна возраст по тешко боледување.

Писмото од Лаушевиќ испратено до сопругата од затвор ја кине душата: Сè уште сум тука и ќе те сакам како куче

Слични објави

Неделен хороскоп од 16 до 22 ноември: Страстите се разгоруваат, старите соработки се обновуваат, а некои знаци ги очекуваат изненадувања

Т.Ц.

(Видео) „Не е многу присутен во неговиот живот“ — Миа Костова за односот на Андрија со татко му

К.С.

Се породи Зорана Тасовац, сопругата на Саша Ковачевиќ: Стигна долгоочекуваниот син

E.A.

Марија Шерифовиќ го прослави 42. роденденот и ја напушти Србија: Со Јована Пајиќ донела одлука, ги промениле сите планови

К. А.

(Видео) „Викенд на мртовци“ бил поголем кинохит во Скопје од „Кум“ и од филмовите со Лепа Брена: Игор Џамбазов сподели анегдоти од снимањето на култната македонска комедија

Еспресо

Ручек што можете да го подготвите однапред — рецепт за кремасти макарони со чедар и пармезан

К.С.
Се вчитува....