16:27 - 2 април, 2026

(ФОТО) ТЕРЕЗА КЕСОВИЈА НА РУЧЕК КАЈ МАКРОН: Посебна средба со францускиот претседател

Тереза Кесовија

Познатата пејачка Тереза Кесовија е една од стотината поканети на официјален ручек со францускиот претседател Макрон, а за тоа има и навистина важна причина.

Тереза Кесовија не е само пејачка дива позната во Хрватска и регионот, туку и во Франција. Таа беше и остана легенда која има добиено француското одликување и почесна награда во редот на уметноста.
Кесовија живееше во Франција во 60-тите и 70-тите години на изминатиот век и изгради богата музичка кариера. Вивнувањето во француското музичко небо почна во 1965 година, кога Тереза ја отпеа La Chanson de Lara, од филмот Доктор Живаго, пишува „Index.hr“

 

Додека живееше и работеше во Франција, Тереза Кесовија соработуваше со многу познати ѕвезди, како што се Серж Лама, Тино Роси, Жилбер Беко и Рита Павоне.

Таа изјави за медиумите дека на почетокот не го знаела јазикот добро и брзо учела да се вклопи во средината.

„Во почетокот на јануари, 1965 првпат дојдов во Париз и го запознав Де Гол, а по него беше Помпиду, а потоа Ширак, Бомарш… Мислам колку време бев таму, Франсоа Митеран имаше два мандати. Искрено, сакам претседателот Макрон да доживее уште еден мандат, тој е многу симпатично лице кое Французите го сакаат и тоа е навистина за почит, тоа ќе му го кажам и лично“.

Слични објави

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо

Мистерија што сè уште интригира: Пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена пред 10 години, убиецот сè уште непознат 

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо
Се вчитува....