Се навршија две години како македонската јавност остана еден од нашите најпознати композитори, музичари и водители во нашата држава, Драган Вучиќ.
Човекот кој дефинитивно учествуваше и можеби е еден од најважните луѓе во создавањето на македонската јавна сцена, ја изгуби битката со коронавирусот, пред две години на 4- ти мај.
ДВЕ ГОДИНИ БЕЗ ДРАГАН ВУЧИЌ: Неговата музика и емисии се вечни!
Нашата познатата водителка, пилатес инструктор а во последно време и инфлуенсерка Снеже Велков една од нејзините последни објави ги посвети токму на Драган:
„Само тој ја имаше моќта да биде Голем покрај Големите имиња од јавниот живот и мал и обичен покрај обичниот народ на кој му приредуваше еден куп забавни емисии.
А знаете ли дека “Вашите 5 минути” е првата емисија за пронаоѓање на млади пејачки таленти,пред сите Гранд ѕвезди Идоли и Пинкови ѕвездички?
И само тој со еден повик знаеше да договори гостување во емисија на било која Ех Ју ѕвезда и со ист таков ентузијазам да праша Имаме пакет сокови Сано или повеќе сакате брашно?Само тој имаше “ководител” бело зајче
Со таква леснотија ги правеше емисиите, без мозгање без паметување и надмудрување без измислување “топла вода”.
Ако народот го сака “Величенствениот” одиш и снимаш интервју со него, ако народот го сака Полат го правиш истото и таков отмен стегнат во црн костум чиниш си актер од серијатата “Долина на волците” застануавш и се сликаш за насловна со тој истиот Полат.Што тука не е јасно?!
Од неговиот ум можеше да произлезе безвременска мелодија како “Свирете ја зајди зајди”и мудро да понуди помош на гледач кога на прашањето како се вика братот на сопругата место шура гледачот упорно да го кажува името.
Еднаш одамна кога му правев интервју го прашав: Зошто кога толку го критикуваат не најде на пример некој друг да му ги води емисиите а тој да биде позади камератаМи рече вака:Ако најдеш еден барем еден на нашава сцена кој се знае со толкав број јавни ликови од Балканов, и кој со еден повик ќе ги викне во емисија, и при тоа да им поставува издржани прашања…Ако најдеш некој Кој знае како да го усреќи народов со такви ситни награди кои на некого му се многу битни,и кој и после толку време на екран се уште сакаат да го гледаат кажи ми и..Спремен сум да се повлечам… Нема таков му реков тогаш.Нема таков Драгане велам и сега. Нема ни да да има.
Оти знаеш што? Само ти успеа со микрофон со ознаките на Сител да се појавиш на Канал 5.И ич да не ти чуе!
И увек али увек добиваше премиерен термин во која телевизија и да отидеш.И најбитно кога и да се спомене твоето име кај сите луѓе предизвикува насмевка.Оти таков и беше а така и заслужуваш да те паметиме по измамување насмевка кај луѓето.
Си замина на вчерашен датум,ама денес пишувам зошто вреди да се памети само твоето постоење… Слава ти Драг Драган Вучиќ!“ – напиша Снеже во обемната и емотивна објава.
Драган Вучиќ е роден во 1955 година и беше среќно оженет. Неговата сопруга Весна е ќерка на легендарниот гајдаџија Пеце Атанасоски, додека син му Мартин е пејач и директор на Ансамблот за народни песни и ора „Танец“.
Во неговата биографија ќе бидат запишани многу телевизиски проекти кои ги сработил, а особено ќе биде запаметен кога пред 20 години го создаде шоуто „Вашите 5 минути“ – емисија во која се пријавуваа луѓе од целата земја и сакаа да ги покажат своите вокални способности. Драган честопати во интервјуа знаеше да каже дека ние сме биле први во регионот кои сме смислиле едно такво големо музичко натпреварување.
Потоа низ годините следуваа уште многу други емисии во кои гости му беа најголемите ѕвезди од поранешна Југославија, бидејќи Драган беше голем пријател со многу од нив.
За Драган има уште многу да се каже, но сигурни сме дека ќе остане запаметен и за него ќе се прераскажува уште многу долго.