18.8 C
Скопје
15:11 - 3 мај, 2024

Отворено со СУЗАНА СПАСОВСКА: „Мојата приказна е долга и широка, и професионално и приватно“

Сузана Спасовска по повод 35 години на музичката сцена на верната македонска публика ѝ подари уникатен јубилеен двоен подарок, „Моја приказна“.

фото-приватна архива

Која е приказната на Сузана Спасовска?

– Мојата приказна е долга и широка, како на професионално поле така и на животно. Благодарна сум ѝ на мојата публика која ја сака мојата музика и ми овозможува да опстојувам на овие простори, а и пошироко секаде каде што има Македонци. А и не само Македонци, туку сите обожаватели на македонската музика. Мојата приказна трае веќе 35 години. 35 години заокружување на сета љубов кон публиката, кон сцената, кон Македонија…

Како се создаваше „Приказна“?

-„Приказна“ е шаренилото од мојот репертоар последниве неколку години со песни кои немаа можност да се најдат на ЦД  и да бидат промовирани, а публиката ги сака и ги слуша. Интересен е фактот дека отсекогаш сум сакала да сум поинаква и токму таков е и албумот. Во него има песни со свадбарска тематика, патриотска, љубовни балади, песни во побрз ритам, латино… Буквално една цела приказна, токму онаква каква што е Сузана Спасовска низ годините. После јубилејниот концерт и  проект по повод 30 години на сцената, одлучивме овој проект да биде надополнување на истиот за сега да ги заокружиме сите овие 35 години во „Моја приказна“. Велам заокружување зашто мислам на еден проект, но тоа не значи дека овде застанувам со творење. Баш напротив, сега сум во второто полувреме, како што кажа мојот драг пријател Мишко на јубилејниот концерт.

Кој е тимот со кој работеше за „Моја приказна“ да изгледа уникатно?

– Многупати сум кажала дека мојот тим постојано работи. Дури јас кога спијам-тие не спијат и постојано мислат на некој мој следен чекор. Сите заедно се вклучуваме и заедно работиме на идеите и сите ставаме по едно камче во мозаикот наречен „Сузана Спасовска“. Тука е мојата десна рака Дејан Величковиќ кој се даде себеси за да изгледа овој проект уникатен и поинаков од сите други, исто како и претходните два сета по 3 диска од 2017 година по повод 30 години на сцената.
Отсекогаш сум сакала секој следен проект да биде поинаков и токму затоа ова цд и овој целосен проект е нацртан од многу талентирана девојка, Сара Петковска која се вложи максимално по координација и идеја на Дејан кој е творец на концептот и дизајнот на проектите. Во тимот се и пријатели кои со идеи го потпомагаат секој проект, водено и се радуваат на секој успех исто како да е нивни зашто се вложиле во истиот, меѓу нив сакам да ги споменам Христијан Ивчев, Душко Трифуновски, Александат Трајчевски и Мишко Талески.

Што е содржано во овој јубилеен проект кој е илустриран и дизајниран по светски терк?

– Овој проект е огромен и самиот по себе е приказна. Се состои од едно цд, нешто што е ретро и повторно популарно во светот-касета со јубилејниот албум, усб-клуч составен од новиот албум, 35 песни подарок од целата моја кариера, дигиталната монографија и композицијата „Да сум бистра вода“ која е најава за следниот проект на кој работам. Проектот го заокружуваме со усб во форма на касета, нешто невидено на овие простори, а сепак е надоврзување на оној проект од 2017 година. На истото може да се најдат сите албуми, концерти, компилации и сè она што го работела Сузана Спасовска сите овие 35 години. Токму затоа овој проект, 35 години Моја приказна, е обемен и несекојдневен.

Дали е тешко да се одбере што да се отпее или што да се стави на носач на звук?

– Верувајте дека многу е тешко. И за концертот 30 години на сцената во 2016 година ми беше најтешкото да одберам што да отпеам. Од речиси 500 песни треба да се изберат песни за сечиј вкус, да се погоди вкусот на сите присутни во салата. Сите песни ми се драги, испромовирани во тоа време кога биле снимени. Има луѓе кои ги сакаат народните кои сум ги обработила, некои ги сакаат новокомпонираните, некои ги сакаат баладите, некои побрзите, патриотските… Затоа треба да се задоволат вкусовите на публиката за да се опстои многу повеќе од 35 години.

Кој твори не мирува, тоа важи и за бисерното грло на Македонија – Сузана Спасовска. Што е следно од тебе?

– Покрај мојата работа во Танец каде што го пијам утринското кафе, веќе е во тек организацијата на Лешочкиот фолк фест кој се одржува во август. Тука се и летните концерти и активности во престојниот период, а неизбежно низ сите овие активности е творење на нов материјал и разни проекти. Она што ме исполнува и на што му се радувам најмногу е слободното време кое го користам за гушкање со мојата внука Клара.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо
Се вчитува....