16:07 - 31 март, 2026

ФОТО: Сакаат нивната ќеркичка да ги гледа заедно – Ирина и Бредли на чекор до смирување?

Публиката навива овој пар официјално да се смири и да ужива во семејната идила… Љубовниот однос на Ирина Шајк и Бредли Купер интригира веќе неколку години, особено откако тие решија да направат пауза.

Актерот и манекенката по четири години одлучија службено да се разделат и да останат во добри односи поради ќеркичката Леа Де Шајн (3).

Со оглед на ситуацијата во целиот свет, парот во последно време се почесто беше заедно, а изгледа дека повторно се родиле искрите. Анонимен извор тврди дека Бредли и Ирина повторно се гледаат.

Фото: Профимедиа

„Не веруваат повеќе во родителството какво што го имаа досега – каде само еден на друг му го предаваат детето – па одлучија повеќе да се дружат тројцата заедно. Во еден момент повторно се појавија чувствата. Наводната врска на Ирина со експертот за уметнички дела не била воопшто сериозна, бидејќи нејзина вистинска љубов отсекогаш бил Бредли“, раскажа изворот близок до парот.

Шпекулациите за нивното смирување, кои овој извор сега ги потврди, започнаа уште пред неколку месеци.

Слични објави

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin
Се вчитува....