6.8 C
Скопје
20:09 - 19 март, 2026

(ФОТО) Ријана зачекори на модната писта во ПООДМИНАТА БРЕМЕНОСТ во ТАНГА: Пејачката од Барбадос ги украде сите погледи

Од моментот кога му соопшти на светот дека е бремена, пејачката со потекло од Барбадос не престанува да го покажува трудничкиот стомак, а овој пат тоа го направи дури и на модна писта.


Светски познатата пејачка Ријана, која го очекува своето прво дете со својот партнер А$АР Роки, ги воодушеви обожавателите со своите храбри модни изгледи за време на бременоста, а со тоа веројатно ги инспирираше од модната куќа „Диор“ да ја поканат да биде дел од нивната последна ревија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Queen Rihanna👑 (@rihannavibes100)


Убавицата од Барбадос вчера присуствуваше на ревијата на „Диор“ на Модната недела во Париз каде дојде во црна долна облека над која носеше целосно проѕирен мрежест фустан. Разголениот стајлинг го комбинирала со високи црни лакирани чизми и со црн капут спуштен низ рамениците.

Ова досега е најсмелиот стајлинг на идната мајка од моментот кога почна да се познава нејзиниот труднички стомак.


Ријана неодамна објасни зошто со секој стајлинг го истакнува трудничкиот стомак.

„Во моментот работам на промовирање на идејата дека трудниците и понатаму изгледаат привлечно, иако околината ве тера да го правите спротивното, да скриете нешто. Ве тера да ја криете својата сексапилност и да ја вратите по бременоста, а јас не верувам во тие работи. Затоа, се обидувам да носам работи за кои можеби немав самодоверба да ги пробам пред да забременам“ – изјавила пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Reposted all (@reposted_all)


Инаку, 33-годишната пејачка го очекува своето прво дете со партнерот, раперот АСАП Роки, со кого е во врска неколку години.

Пејачката за првпат ги поттикна гласините за бременоста во ноември, кога ја прими наградата Национален херој на нејзиниот роден Барбадос во тесна тоалета.

Слични објави

Жестока расправија меѓу Цеца и Снежана Ѓуришиќ: „Немој да се расправаш со мене додека зборувам!“

Еспресо

(Видео) Спектакл за 41-виот роденден на Станија: Мини фустан, шампањ и танц на маса

Еспресо

„Маки“ по операцијата: Азис се пофали со новите силикони, па се пожали дека не може да закопча ниту една кошула

E.A.

Дали имаме нов холивудски пар? Се шушка дека Никол Кидман е во врска со ѕвездата од серијата „Менталист“

Еспресо

(Фото) „Мојата смисла на сѐ е во нејзината насмевка“: Каспер откри како ги поминува деновите со Мина Костиќ додека е во Америка

Еспресо

Што им носи пролетта на поле на љубовта на хороскопските знаци

Еспресо
Се вчитува....