Сите тие се генерално многу успешни и водат убави животи. Принцезата Дијана, била позната како многу грижлива и емотивна личност која никој не можела да го одбие за нешто, за време на нејзиниот живот била кума на крштевањето на дури седумнаесет деца.
View this post on Instagram
Од нивна перспектива, тие ја имале најдобрата кума на светот – за секој празник испраќала честитки со добри желби, подароци, кога ќе ги видела ќе им посочила важни совети и лекции за животот … Дали ја послушале?
Кои се тие воопшто и што прават денес? Дали принцезата Дијана успеала да всади барем дел од нејзините принципи во нив?
Овие се сите кумашини на принцезата Дијана:
Лејди Едвина Сноу (39)
По смртта на нејзиниот татко, војводата од Вестминстер, Лејди Едвин стана богата наследничка, по професија е адвокат, а е мажена за ТВ-презентерот Ден Сноу.
View this post on Instagram
Лејди Александра Хупер (38)
Денес, кумашинката на принцезата Дијана е директор на консултантска компанија. Студирала теологија на Оксфорд и меѓународна безбедност на Универзитетот Џорџтаун во Америка. Се вели дека принцот Вилијам долго време имал симпатии кон неа. Таа се омажила за Томас Хупер во 2016 година, сопственик на компанија за организација на математика преку Интернет, а од тој брак го добила синот Иниг.
View this post on Instagram
Сузи Казалет (37)
Ќерка на пријателката од детството на Дијана, Изабел Дауни. Студирала на престижен колеџ во Њујорк, се вратила во Велика Британија и отворила своја фирма за ентериер во Лондон.
Камила Ширли Беван (33)
Ќерка на Софи Кимбол, пријателка од училишните клупи на принцезата Дијана. Таа е мажена за Чарли Ширли Беван, врвен ловец од англиската грофофија Нортамберленд, пишува „Дејли меил“.
View this post on Instagram
Принцот Филипос (35)
Најмалото дете на кралот Константин и кралицата Ана Марија од Грција. Се школувал во Лондон и Вашингтон, од 2020 е во брак со Нина Настасја Флор и моментално живее во Њујорк, каде работи како финансиски аналитичар во компанијата „Ortelius Capital“, компанија основана од грчкиот принц Павлос.
Леонора Лонсдејл (34)
Ќерка на Лора Лондсдејл, училишна пријателка и цимерка на Дијана. Таа денес е филмски режисер и е во брак со продуцентот Џек Сиде.
View this post on Instagram
Џејк Ворен (34)
Син на менаџерот на кралицата Мајкл Ворен и еден од најблиските пријатели на принцот Вилијам и принцот Хари. Тој е оженет со инструкторката по јога Зои Стјуарт, со која ја има петгодишната ќерка Зејли, која беше најмладата деверуша на свадбата на нејзиниот кум – принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл.
Лејди Мери Луиз Велесли (34)
Ќерка на деветтиот војвода од Велингтон и внук на Лејди Џејн Велесли, која била една од потенцијалните сопруги за принцот Чарлс. Не е мажена, дипломирала англиски јазик на Универзитетот во Оксфорд. Двапати позирала целосно гола пред уметникот Хауард Морган.
View this post on Instagram
Џорџ Фрост (33)
Син на покојниот ТВ водител Сер Дејвид Фрост и Лејди Карин, сестра на војводата од Норфолк. Тој е пронаоѓач на посебен вид рум и се занимава со собирање приходи за истражување на хипертрофична кардиомиопатија, ретка срцева болест од која починал неговиот брат на 31 година, додека трчал.
View this post on Instagram
Бенџамин Самуел (32)
Син на блиската пријателка на Дијана, Џулија Семјуел. Тој е основач на детска институција каде работи како терапевт со деца кои претрпеле голема загуба.
Едвард Виндзор (32)
Внук на војводата од Кент, чија титула ќе ја наследи еден ден. По професија е финансиски аналитичар и важи за еден од најинтелигентните членови на британското кралско семејство. Тој е еден од најпосакуваните ергени во Велика Британија.
Џек Бартоломеј (31)
Син на цимерката на Дијана и многу блиска пријателка Каролин Прајд и нејзиниот сопруг Вилијам Бартоломеј. Работел како келнер и шанкер, сè додека самиот не решил да влезе во светот на производството на пијалаци. Денес управува со сопствена продавница за вино.
Антонија Трувер (31)
Ќерка на училишниот пријател и земјопоседник на Дијана, Одлиа Твистон Дејвис. Студирала биологија и имунологија на Универзитетот во Бристол и е мажена за менаџерот на една голема компанија, Едвард Трувер.
Џек Фокнер (30)
Син на блиска другарка од Дијана. Тој е оженет со полковник Симон Фокнер.
Антониа Харингтон (29)
Принцезата Дијана била сведок на венчавката на Џонатан Харингтон и Сузан Фенвик, а подоцна ја крстила и нивната ќерка Антонија, која сега е наставник во основно училиште.
Дејзи Сомес (29)
Правнука на Винстон Черчил. Интелигентна, храбра, голем љубител на коњи и сафари во Кенија. Нејзината мајка била добра пријателка на покојната принцеза.
Доменика Лосон (26)
Кога се родила Доменика, принцезата Дијана се понудила да биде нејзина кума, бидејќи ја обожавала нејзината мајка Роза Монктон, со која била многу блиска, особено во последните денови од нејзиниот живот. Доменика има свое кафуле и центар за обука на млади луѓе кои имаат потешкотии во учењето.