5.8 C
Скопје
05:11 - 1 април, 2026

(ФОТО) „Го држи српското знаме наопаку“: Констракта нападната од корисник на социјалната мрежа Твитер

Пејачката Ана Ѓуриќ Констракта ќе ја претставува Србија на изборот за песна на Евровизија во Торино, а откако на „Беовизија“ ја понесе победата со „In corpore sano“, српската претставничка не престанува да привлекува внимание.

Таа ги освои и светските медиуми кои постојано пишуваат за неа, а најмногу контроверзи имаше откако беше објавена нејзината фотографија за Велигден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @konstrakta


Во тоа време, многумина ја видоа скриената буква „З“ (Z) на масите што стоеја пред неа, што стана симбол на поддршка за руската инвазија на Украина. Фотографијата на крајот беше отстранета, а Констракта не сакаше многу да коментира за ваквите наводи.

Сепак, поединци упорно се обидуваат да го нарушат угледот на Српската претставничка, па сега повторно најдоа замерки на нејзините постапки.


Имено, Констракта како и сите учесници на овогодинешниот избор на песна за Евровизија позираше држејќи го српското знаме во рака, но една од фотографиите падна во очите на корисник на социјалната мрежа Твитер од Албанија.

На една од фотографиите Констракта го држи спското знаме покрај своето тело свртено надолу, a поради таа причина следат и обвиинувањата дека „намерно го свртела знамето за да наликува на руското“.

„Ох, види, таа“ случајно „го држи српското знаме наопаку. Сега личи на руското знаме, колку чудно. Случајност или не? Вие одлучувате“, стои во објавата на Твитер.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....