19:11 - 27 јули, 2026

Пребирлива манекенка: Ако некој сака да излезе со мене, прво мора да направи тест за интелигенција

Манекенката Кендис Клос од Њујорк е членка на Менс, меѓународна организација со само еден услов за членство – резултат на стандардизиран тест за интелигенција повисок од 98% од вкупната популација. Пред да излезе со некого на состанок, тој мора да направи тест за интелигенција и да ја задоволи Кендис во тој поглед.

21-годишната Кендис има коефициент на интелигенција 136 и е членка на Менса од својата 17-та година. Потенцијалниот партнер на првиот состанок треба да го реши тестот за интелигенција за да продолжи да излегува со него, а таа вели дека сака интелигентен и духовит партнер кој ги дели истите страсти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Candice Kloss (@candicekloss)

Кендис, која има 109.000 следбеници на Инстаграм, вели дека не сака да губи време со некој различен од неа, кој не ја споделува нејзината страст за предмети како математика, економија и наука.

Според скалата на коефициентот на интелигенција, резултатот од 120 до 140 се класифицира како многу супериорна интелигенција, додека сè што е над 140 се смета за генијалност. Нејзиниот коефициент на интелигенција е 136, а признава дека мажите често се плашат од нејзината интелигенција.

– Сакам да се уверам дека вреди да се оди на втор состанок со некого. Има многу мажи кои се привлечни, но ако не се интелигентни, веќе не се ни привлечни. Како да уживате во времето со некого ако не можете да се поврзете преку разговор – вели Кендис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Candice Kloss (@candicekloss)

Споделувајќи ги нејзините понатамошни очекувања од идните партнери, Кендис рече дека оние што ќе го поминат тестот за интелигенција ќе треба да бидат во тек со тековните работи и да знаат математика, финансии и наука.

– Некои луѓе не сакаат да ги следат актуелните настани. Сметам дека е привлечно кога некој е во тек со настаните, како и со емоционалната интелигенција и духовитоста. Како што растев, бев голема бубалица за наука и математика и сè уште го сакам тоа. Мојот потенцијален партнер мора да биде натпросечен на скалата. Не мора да бидете експерт по математика, но треба да бидете способни да водите разговор и да бидете исклучително паметни барем во една тема. Ме привлекуваат интелигентни мажи кои имаат добра смисла за хумор, авантуристи, директни и забавни – открива манекенката што бара од својот партнер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Candice Kloss (@candicekloss)

– Сакам да им докажувам дека грешат. Кога ќе сфатат дека не сум глупава, тоа често ги плаши – вели Кендис, пишува Дејли Меил.

Слични објави

Партнерот на Тања Савиќ пее додека управува со авион, се огласи и Ќеба

Е.А.

Миа Костова без влакна на јазикот: „Да плачам со едната града надвор, утре ќе имам 150.000 следачи“

Еспресо

(Фото) Го бакнува и го прегрнува сопругот Марко: Анѓелка Прпиќ сподели прекрасни љубовни фотографии

Еспресо

(Фото) Андријана „Кеш“ се вери – пејачката доби романтична понуда за брак на плажа

Еспресо

Џејла Рамовиќ го одложи концертот поради трагедијата во која животот го загубија пет планинари

Еспресо

(Фото) Северина откри како се опушта по настапите: „Не можете да ми замерите дека не јадам“

Еспресо
Се вчитува....