12.8 C
Скопје
11:50 - 17 октомври, 2026

(ФОТО) ПЕТАР ГРАШО ИМ СТАВИ КРАЈ НА ШПЕКУЛАЦИИТЕ: Пејачот за првпат проговори за својата нова девојка!

Веќе со месеци се зборува за новиот вљубен пар на хрватската музичка сцена, Петар Грашо (45) и Хана Хуљиќ (31).

Иако досега главно молчеа за својата романса, сега познатиот пејач првпат одлучи да стави крај на сите шпекулации.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Petar Grašo (@petargrasoofficial)


„Многу сме среќни и задоволни и така треба да биде. Хана е многу добра и ние сме среќни“, рекол Грашо за „ИнМагазин Нова ТВ“.

Иако бил многу „скржав“ на зборови, Грашо јасно ставил до знаење дека во врската со младата музичарка му „цветаат рози“.


– Јас некако научив дека, со оглед на тоа што многу го кријам својот приватен живот, медиумското внимание е дотолку поголемо. Но, морам да бидам искрен и да кажам дека малку ме изненади креативноста на одредени медиуми во смислувањето различни и разновидни форми на ништо, всушност, ние го живееме својот живот и важно е луѓето околу нас да бидат задоволни и сите да бидат мирни, но и задоволни – додал музичарот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Siol.net Trendi (@siol.net_trendi)

Инаку, Грашо и Хана се неразделни, таа често го придружува на неговите настапи, а фотографите го „ловат“ секаде каде што можат – во Сараево, Сплит…


Инаку, Петар Грашо беше во 24-годишна врска со хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ (50). На почетокот на мај, одекна веста за раскинувањето на децениската врска помеѓу Данијела и Петар, што тогаш ги шокираше бројните пријатели, семејството и колегите.

Инаку, Хана е ќерка на Вјекослава и Тончи Хуљиќ. Точни веќе порано изјави дека ја благословува нивната љубов, притоа велејќи дека ако Хана и Петар се среќни, тогаш и тие се среќни.

Слични објави

Го започнувате и завршувате денот со социјалните мрежи? Психотерапевтите предупредуваат на последиците по менталното здравје

К.С.

Јаде пет пати дневно, а слабее: Ова е режимот на исхрана со кој Душица Јаковљевиќ ослабе девет килограми

Е.А.

(Фото+видео) Адриан Гаџа сподели емотивни моменти со петмесечниот син

Еспресо

„Не сум ја видел ќерка ми девет дена“: Петар Грашо проговори за семејниот живот, а неговиот коментар за Тончи ги изненади сите

Еспресо

Мајката на Милица Тодоровиќ ја разнежни јавноста со порака до ќерките: „Ќе ве чувам во молитвите секој ден до крајот на животот“

Еспресо

Јелена Карлеуша жестоко го нападна Јаков Јозиновиќ: Изнесе тешки обвинувања за неговата кариера и настапите во Србија

Еспресо
Се вчитува....