14:49 - 3 април, 2026

(ФОТО) Ова е ПОСТАРАТА СЕСТРА на ПОРАНЕШНАТА ПРВА ДАМА на САД: Зошто Меланија ја криеше Инес од јавноста?

Меланија Трамп неколку години ја криеше од јавноста својата постара сестра Инес Кнаус, со која е многу блиска. Меланија е една од најпознатите Словенки во целиот свет, а таа слава може да се припише благодарение на бракот со поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој и ја донесе титулата прва дама на САД.


Малкумина знаат дека Меланија има две години постара сестра, по име Инес која долги години ја криела од јавноста и со која е многу блиска. Тие заедно се преселиле од Севница, Словенија, најпрвин во Љубљана, а потоа во Милано, каде што Меланија брзо била забележана од модните агенти кои и понудиле работа. Но, тоа не било случај со Инес, а нејзина желба била да се занимава со дизајнирање.


„Таа навистина сакаше да се занимава со мода, но не знаеше како да се пробие. Таа не беше како другите девојки кои се однесуваа како кралици. Беше љубезна и многу фина“, изјавил париски фотограф кој имал можност да ја запознае сестрата на Меланија, пренесува „Азра“.

Инес со Меланија се преселила од Италија во САД, поточно во Њујорк, каде што сè уште живее и занимава со уметност. За разлика од Меланија, Инес не е толку активна на социјалните мрежи.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.
Се вчитува....