12:15 - 11 ноември, 2026

(РЕЦЕПТ) СТЕ ПРОБАЛЕ ЛИ ВАКВО КОМПИР ПИРЕ? Ако не сте, многу сте пропуштиле!

Веројатно компир-пирето сте го пробале на различни начини, со сенф, со сирење и со други додатоци, но вакво задоволство претпоставуваме дека не сте дегустирале. А, требате.

Овој совршен прилог направете го навечер или рано наутро, зашто добро е да отстои неколку часа во фрижидер пред да го послужите.

Намирници

2 кг компир,  250 грама кисела павлака, 200 грама крем сирење, 1 лажичка сол, четвртина лажичка црн пипер, 1 парченце лук, 1 лажица растопен путер и половина лажичка црвен пипер.

Подготовка

Варете ги компирите во солена вода околу 20-на минути. Помешајте ја павлаката со сирењето и додадете сол, црн пипер и исечкан лук, потоа додадете го и компирот и направете пире. Кога ќе ја добиете посакуваната текстура префрлете ја во сад за печење, покријте со фолија и оставете ја во фрижидер неколку часа.

Загрејте ја рерната на 180 степени. Претурете го растопениот путер врз компирот и наросете црвен пипер. Печете околу половина час. Послужете веднаш.

Слични објави

(Фото) Проѕирна црна кошула и широка насмевка: Анастасија Ражнатовиќ направи пауза од мајчинството и излезе во Мадрид

Еспресо

Водителката Сања Савеска со ново видео повторно ја разгоре љубопитноста за својот љубовен живот: „Зошто сум сингл?“

Еспресо

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Јелена Карлеуша ја запознала мајката на 24 години помладиот партнер: „Поубава е од мене, вистински супермодел“

Еспресо

Десерт за славската трпеза — рецепт за посна торта „Реформ“ со ореви и чоколадо

К.С.

Дневен хороскоп за 11 ноември: Денот е поволен за размена на идеи, но не брзајте со донесување на големи одлуки

apostolova
Се вчитува....