23:30 - 7 ноември, 2026

(Фото) Нема да ја препознаете: Беше проблематична тинејџерска ѕвезда, а сега е дама со префинет стил!

Линдзи Лохан своевремено беше најголема тинејџерска ѕвезда и многу често се наоѓаше на насловните страници поради проблематичното однесување.

На големо изненадување на сите, сега се појави во непрепознатливо издание. Папараците ја уловија како пристигнува во квартот Хадсон Сквер на Менхетен, каде покажа сосема поинаков имиџ.

Наместо портокаловата коса по која беше позната долго време, Линдзи се одлучи за елегантни руси локни. Таа носеше бел фустан со цветен дезен, кој го искомбинира со крем капут со златни копчиња и чанта во иста боја.

Покрај нејзиниот гламурозен изглед, она што на многумина им падна во очи е и младоста што ја стави во преден план. Блескавата насмевка не ја симна од лицето, а впечатокот дополнително го засили со пристојна шминка во светли тонови.

Како што пренесуваат медиумите, актерката го одбрала ова издание за гостување во ток-шоуто The View. Таа ќе биде таму за да го промовира својот нов божиќен филм кој треба да излезе на Нетфликс на 27 ноември.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....