20:57 - 27 ноември, 2026

(Фото) На толку пари, нула стил: Фустанот на Лепа Брена на новогодишната ноќ е на врвот на твитер-листата на најужасни

Лепа Брена на новогодишната ноќ облече контроверзен фустан кој денеска е главна тема на Твитер.

Таа носеше тесен фустан со светки и необичен принт, а гледачите ги вознемири дезенот кој ги истакнува женските облини.

Корисниците на социјалните мрежи не кријат колку се збунети од изборот на кралицата на фолкот, особено од црните точки (на фустанот) на брадавиците.

Храбриот потег на Брена не наиде на претерано позитивни реакции. Многумина истакнаа дека фустанот не е погоден, но и дека ова е најгрдиот стајлинг што некогаш го носела. „Зошто?“, „Лепа Брена во најгрдиот фустан што сме го виделе во животот“, „Фустанот… Претпоставувам дека е некоја погрешно разбрана уметност“, беа дел од коментарите на Твитер.

Сепак, и покрај негативните коментари, дел од обожавателите го бранеа нејзиниот избор на Инстаграм профилот на пејачката: „Престанете да зборувате за невкус, ова е силна порака за еманципација и слобода на жените на Балканот, каде секоја убава и успешна жена доживува линч“. напиша една корисничка.

Оваа фотографија брзо стана вирална, а општите мислења се дека ваквиот стајлинг не и одговара на пејачката, но и на нејзините години.

принтскрин
принтскрин

Слични објави

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо
Се вчитува....