19.8 C
Скопје
12:53 - 27 април, 2024

(ФОТО) МАКЕДОНСКА ИНФЛУЕНСЕРКА „ИСЧЕЗНА“ 3 месеци од Инстаграм: Еве ја причината и резултатите!

Позната инфлуенсерка Ребека Ле Мон која ја следат илјадници следбеници на социјалната мрежа Инстаграм , без претходна најава прекина да споделува содржини на својот профил цели три месеци. Ребека важеше за една од највлијателните инфлуенсерки на социјалните мрежи која секогаш одвојуваше време да одговори на бројните порака и коментари кои ги добиваше секојдневно на својот профил.

Фото: Принтскрин / Instagram

Ребека Ле Мон како што ја познаваат нејзините следбеници или (по моминското презиме) Ребека Наумовска е Македонка која живее надвор од Македонија од 2006-тата година. Ребека е посветена мајка на синот Максимилијан Лука и сопругот на Марк. Покрај обврските околу своето семејство и домот, Ребека беше професионално посветена и кон градењето на својот инстаграм – профил, но нештата се променија.

Фото: Принтскрин / Instagram
Фото: Принтскрин / Instagram

Изминатите три месеци немаше ниту трага, ни глас од позната инфлуенсерка, а дел од нејзините следбеници се загрижиле по што ја осипувале секојдневно со бројни пораки.

По 3 месечна пауза, ден пред католичкиот Велигден, Ребека се огласи на својот инстаграм – профил:

„После 3 месеци: само сакам да се ИЗВИНАМ на оние кои често ми пишуваат и ме прашуваат каде сум, а јас никогаш не одговарам на овие пораки. Како што ви кажав пред точно 3 месеци кога го оставив Инстаграм, нема да враќам на ниту една порака, поради тоа што и тоа бара време. Оваа слика и овој пост не значи дека ќе бидам пак активна на Инстаграм, само сакав да ви кажам преку неа, едно големо извини за сите мои ‘seen’ и исто така дека навистина ова отсуство од Инстаграм ми помогна многу во животот, сега сум посреќна, а и моето семејство исто така. Конечно добиваат 100% од моето внимание и од мојата љубов. Останете добро и посветете повеќе време за вистински разговори со вашите најблиски, зошто животот си поминува, а времето ниту се купува, ниту се враќа назад“ – напиша Ребека во своето опширно обраќање.

Фото: Принтскрин / Instagram
Фото: Принтскрин / Instagram
Фото: Принтскрин / Instagram

Следниот ден Ребека сподели и фотографии од своето семејство по повод големиот празник. Фановите на инфлуенсерката се израдуваа пред се што таа и нејзиното семејство се добри и комплетно ја поддржаа во одлуката да се посвети на својот живот оставајќи ги социјалните мрежи и понатаму во мирување.

Слични објави

Еве што велат сараевчани за Харис Џиновиќ по разводот од Мелина: „Лош човек, го кренал носот…“

еспресо

Неделен хороскоп (од 29 април до 5 мај): Посебни мигови за Јарците, љубов за Биковите, одлично за Близнаците…

еспресо

(Фото) Силни зборови на Драгана Мирковиќ по разводот: „Многу сум посилна отколку што мислев, се сакам новата себе!“

еспресо

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Астропрогноза за сабота, 27 април: Важно познанство за Лавовите, многу среќа за Скорпиите

еспресо

Среќлии во љубовта: Два хороскопски знаци ќе доживеат возвишена љубов во мај

еспресо
Се вчитува....