2.8 C
Скопје
17:23 - 22 декември, 2024

ФОТО | „МАЈКА Ѝ ПОСЕГНУВАЛА ПО ТАБЛЕТИТЕ ЗА БОЛКА, А ТАТКО И ПО ШИШЕТО АЛКОХОЛ“: Животот на Дакота Џонсон – актерката низ чии вени тече холиудска крв

Наследничката на една од најпознатите и неконвенционални актерски династии во историјата на филмот, Дакота Џонсон, главната актерка во филмот „Fifty Shades of Grey“, го има Холивуд во крвта. Сите гламурозни подеми и падови на холивудските sвезди минуваат низ нејзините вени, кои нејзиниот невин, блед тен едвај ги крие

За Дакота Џонсон доволно е да се каже дека е ќерка на Мелани Грифит и Дон Џонсон. Еден од најубавите некогашни холивудски парови се родителите на Дакота. Ако знаете дека нејзината баба е Типи Хедрен, врвна актерка на Хичкок, ќе разберете зошто Холивуд е во нејзината крв.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @jamiedakota_australia101


Без оглед на тоа што актерството и дојде како природен избор на професија, за Дакота се вели дека е толку свежа актерка како никогаш да немала контакт со Холивуд.

Сем Тејлор Џонсон, режисерот на филмот „Fifty Shades of Grey“, дури и не разбра која е Дакота, кога ја избра за главна улога во споменатиот филм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by www.okmagazine.ru (@okmagazine_ru)


Иако филмот „Fifty Shades of Grey“ беше на удар на критичарите, никој не и кажа ништо на Дакота, бидејќи ниту мажите ниту жените не можеа да го тргнат погледот од неа во текот на целиот филм.


Таткото на Дакота, Дон Џонсон, имал 22 години кога ја забележал Мелани Грифит, која тогаш имала само 14 години. Морале да почекаат таа да наполни 18 години па да стапат во брак, кој траел само шест месеци и завршил со развод. Во 1989 година, парот си дал втора шанса и бракот траел цели 7 години, а Мелани ја роди Дакота.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @dakotasunshine1


По разводот, Дакота го поминала своето детство постојано патувајќи од родното место на нејзиниот татко во Колорадо до Калифорнија, каде живеела нејзината мајка.

Дакота во неколку наврати изјавила дека никогаш не можела да се навикне на животот во Калифорнија, кој бил пол со „моќни и уништени семејства“,  и дека претпочитала отворен простор, коњи и животни со кои пораснала на ранч во Колорадо.


Дакота Џонсон е единствената млада актерка која јасно кажа дека никогаш не сака да вбризгува ботокс во лицето, поттикната од примерот на нејзината мајка дека тоа не функционира.

„Зошто по ѓаволите мајка ми не снима повеќе филмови? Таа е неверојатна актерка! И зошто баба ми не направила нешто толку долго? Оваа филмска индустрија е немилосрдна и сурова. Колку и да сте добри како актерка, ќе дојде време кога едноставно повеќе не сте посакувани“ изјавила во една прилика Дакота.


Додека ја гледаше мајка си како зема лекови против болки додека чека телефонот да заѕвони, како татко и посегнува по шишето со алкохол, баба и како венее додека филмовите со неа во главната улога се повторуваат. Дакота стана свесна дека славата е минлива работа, која трае само еден ден, но таа исто така не можеше да го занемари својот талент што и помогна да стекне холивудска слава.

Слични објави

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....