-4.2 C
Скопје
04:25 - 19 февруари, 2026

(ФОТО) ЛИДЕ И ВЕНКО (КОНЕЧНО) НА КАФЕ: Поранешниот министер Филипче и подготвил кафе на Лиде Лиде на Клиниката за неврологија

Македонската јавност Лиде Лиде ја запозна по коментарите на речиси секоја објава на веќе поранешниот министерот за здравство Венко Филипче.

Девојката која се прослави на социјалните мрежи со почетокот на пандемијата на коронавирусот во нашата земја позната како Лиде на Венко, Лиде Лиде, Ретро Лиде или едноставно Лидија Гиновска е една од ретките личности во нашата земја која успеа да нè насмее и кога не ни беше до смеење.

Фото: Принтскрин / Instagram

Го прележа коронавирусот, се вакцинираше, и по предолгото чекање желбата за кафе со поранениот министерот Филипче и се исполни.

Денеска на Клиниката за неврологија Лидија пиела кафе заедно со доктор Венко и тоа направено од неговите раце.

Лидија ја придружувала својата мајка до Клиниката за Неврологија со цел да се извршат некои контролни прегледи. Најважното од се е што мајката на Лидија е добра, а притоа неочекувано се оствари долго очекуваното кафе.

Лидија ни раскажа како дошло до оваа средба:

„Сè уште не сум свесна што се случи, но дефинитивно сум многу среќна. Мајка ми имаше потреба од некој преглед токму на Клиниката за неврологија. Еден болничар не упати до вистинската врата каде што беше медицинскиот персонал. Кога прозборев, мојот глас на докторите и сестрите им зазвучИ познато, а јас во тој момент заклучив дека не сум свесна колку сум станала популарна“, вели Лиде и додава дека шокот се случил кога одеднаш една од вратите се отворила и се појави доктор Филипче.

„Неверојатно, но ме препозна и со маска на лицето. Дојде и се поздрави со мене и со мајка ми. Му кажав дека сум дојдена за мајка и тој не повика во неговиот кабинет. Се понуди да ни свари кафе и свари за мене и него, бидејќи мајка ми не пие кафе. Едноставно, не ни помислував дека некогаш поранешниот министер за здравство ќе ми направи кафе. Додека доктор Венко го правеше кафето во неговиот кабиден влезе една сестра, а тој ја замоли да не слика како ми го подава кафето“, раскажува Лиде.

Фото: Принтскрин / Youtube

„Искрено, не ни помислив дека ќе се сретнеме, а не дека ќе пиеме кафе и ќе се сликаме, а плус и не бев средена за сликање. Сепак, ваква шанса не се пропушта. Овој ден е посебно убав за мене, најпрво што здравјето на мојата мајка е релативно добро, а секако долго посакуваното кафе се исполни“, ВЕЛИ Лиде ЗА ЕСПРЕСО.мк

 

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....