16:37 - 8 ноември, 2026

(Фото) Ќерката на Наташа Беквалац наполни 18 години и го откри своето мистериозно момче: Ужива во луксузно патување, а сите ја гледаат оваа фотографија

Хана Икодиновиќ, ќерката на пејачката Наташа Беквалац и поранешниот ватерполист Данило Икодиновиќ, неодамна го прослави својот 18-ти роденден, а сега на својот профил на Инстаграм сподели серија фотографии од едно нејзино патување за време на „роденденскиот месец“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @hanaaikodinovicc

Хана, судејќи по објавите, уживала на планина, а освен во гастрономските специјалитети, нејзините следбеници уживале и во фантастичната глетка. Но, една фотографија особено го привлече вниманието на многумина.

Нејзе друштво ѝ правел мистериозен маж чие лице остана скриено од љубопитните очи, а единствено што се гледаше беше чаша во неговата рака.

Коментарите и комплиментите постојано се ределе, но Хана молчела на прашањето која е личноста на фотографијата.

На социјалните мрежи и претходно се зборуваше за патувањата на Хана – многумина беа особено заинтересирани за нејзиниот одмор во Париз, а фотографиите, со насмевка, ги коментираше и нејзината мајка.

Инаку, кога е во прашање нејзиниот однос со Наташа Беквалац, работите не биле отсекогаш идеални, за што пејачката во неколку наврати зборувала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @hanaaikodinovicc

– Секој ден е тобоган од емоции. Хана влегува во светот на возрасните, а Катја си го бара местото… Сега сето тоа можеме полесно да го препливаме – изјави тогаш Наташа, искрено зборувајќи за мајчинството и предизвиците што ги носи.

– Мислам дека она најлошото го поминавме, јас и Хана се помиривме, бидејќи бевме во фаза што ме нервира од моментот кога станувам до легнување. Бевме како рогови во вреќа, но сега се вративме на старото. Кај мене може многу работи, само во границите на нормала – додала тогаш Наташа.

 

Слични објави

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.
Се вчитува....