09:00 - 12 ноември, 2026

(ФОТО) КАКВА МАЈКА ТАКВА ЌЕРКА: Хана заедно со Тамара на фризер, но се плаши да не ѝ го „исечат увцето“!

Вистинско уживање е кога Тамара Тодевска споделува забавни содржини на својот инстаграм – профил, особено од семејните моменти. Пејачката работа со полна пареа, а секој слободен момент го користи да помине квалитетно време со семејството, особено со нејзините деца Хана и Дарен.

Фото: Принтскрин / Instagram

Пејачката заедно со својата ќерка Хана, вчера беа на разубавување. Преслатката Хана доби нова фризура која наликува на фризурата на мама Тамара. Додека младата дама беше на фризерското столче го опомена фризерот да внимава да не ѝ го пресече увцето.

Фото: Принтскрин / Instagram

На голема среќа, Хана беше во вистински раце. За нејзината фризура беше задолжен познатиот скопски фризер Адо Мурис Хамзиќ, кој всушност е задолжен и за фризурата на Тамара.

Фото: Принтскрин / Instagram

Адо е познат во јавноста по својата професионалност, а кога се децата во прашање тој ужива да ги потстрижува па дури и кога спијат.

Фото: Принтскрин / Instagram
Фото: Принтскрин / Instagram

Додека Хана и Тамара се разбавуваа, Дарен беше вреден и учеше да вози велосипед со помош на дедо Велко.

Слични објави

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо
Се вчитува....