12:48 - 28 ноември, 2026

(Фото) „Испливаа“ фотографии од свадбата на Анѓелка Прпиќ: Умерен гламур на тркалезни маси

Актерката Анѓелка Прпиќ и нејзиниот избраник Марко Жугиќ, со кој во мај ја добија ќерката Чарна, тајно се венчаа.

Само членовите на нивните семејства и пријателите кои присуствуваа на церемонијата знаеја дека вљубените ќе си го кажат судбоносното „да“.

-Анѓелка не сакаше да прави голема свадба, сакаше да ги избегне и медиумите кои пишуваа за нив од првиот ден од врската со Марко. Затоа реши сето тоа да го направи во тајност. Никој не објавуваше фотографии и видеа на социјалните мрежи, а ниту таа не се огласи – вели извор за „експрес“ и додава дека младенците организирале свечен ручек во ресторан, а биле присутни само најблиските.

Но и покрај целата тајност, сепак, испливаа фоографии од свадбата, постирани на социјалните мрежи.

Младенците организирале свечен ручек во ресторан, со тркалезни маси со бели свечени чаршави, додека амбиентот е разубавен со светлки.

Се зборува дека ни бројни нејзини колеги не знаеле за свадбата.

Покрај семејството, на прославата биле и неколку блиски пријатели на Анѓелка Прпиќ, познатата водителка Марија Килибарда, српската глумица Ања Мандиќ и водителот Славко Белеслин.

инстаграм

 

Слични објави

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.

Васил Зафирчев: Моите родители не сакаа да бидам актер

Еспресо

Таско за Панчо од ДНК: Знаеше да се бори со моите демони кога никој друг не знаеше

Еспресо

Николија Јовановиќ по концертот во „Сава центар“: „Бев во паника поради брзите пресоблекувања, а Реља ми беше најголема поддршка“

Е.А.

Дневен хороскоп за 28 ноември: Заштитете ги вашите деловни интереси и прекинете контакт со несигурна личност

apostolova

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо
Се вчитува....