21.8 C
Скопје
16:36 - 1 мај, 2024

Која е тенисерката Коко Гoф на која ѝ се поклонува и Мајк Тајсон: „Коко! Успеа! Америка и целиот свет слават!“

Американката Коко Гoф ја победи Арина Сабаленка од Белорусија во финалето на Отвореното тениско првенство на САД (Ју-Ес Опен). Ова е прва Грен слем титула за Гоф. Минатата година загуби од полската тенисерка Ига Свијатек во финалето на Ролан Гарос. Според спортските медиуми, Гоф стана најмладата Американка која го освоила УС Опен по 17-годишната Серена Вилијамс во 1999 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Coco Gauff (@cocogauff)

„Се чувствувам малку во шок во овој момент“, рече Гоф по освојувањето на шампионатот.

„Поразот на Отвореното првенство на Франција (минатата година, н.з) ми го скрши срцето, но сфатив дека Бог те носи низ тешкотии и искушенија, а тоа го прави овој момент уште посладок отколку што можам да замислам“, додаде таа.

Но, која е Коко Гоф?

Од осумгодишна возраст, Гоф постојано победува на помали натпревари. На 12-годишна возраст, Гоф го освои престижниот Junior Orange Bowl. На 13-годишна возраст, Коко стана најмладата финалистка во историјата на јуниорскиот УС Опен, шест месеци подоцна таа победи на јуниорскиот Ролан Гарос. Покрај тоа, Гоф е најмладата жена што ја предводи ранг-листата за јуниори на Светската тениска асоцијација (ВТА).

Американката брзо редеше нови, посериозни достигнувања. На јуниорскиот Вимблдон во 2018 година, таа успеа да сервира со брзина од 193 километри на час – ова е трет најбрз сервис во историјата на тенисот по сестрите Вилијамс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aimé Leon Dore (@aimeleondore)

Во 2015 година, Гоф стана главна сензација на првата недела на Вимблдон. Прво, таа беше најмладата тенисерка што се квалификуваше на турнирот, што ѝ овозможи да се квалификува за главната ждрепка. Второ, во првото коло Американката се сретна со Венус Вилијамс. Гоф често се споредува со Вилијамс во однос на физичките карактеристики – невообичаено висока, има силен форхенд и моќен сервис. На Коко и беа потребни два сета за да ја победи тенисерката на која ѝ се восхитуваше уште од детството. А откако победи, младата Американка заплака на теренот додека нејзиниот татко-тренер и нејзината мајка врескаа од радост на трибините во близина на теренот. Стискајќи ѝ ја раката на Венус, Гоф рече: „Ти благодарам за се што направи. Не би била тука без тебе“.

Реакции на победата

Поранешниот американски претседател Барак Обама веќе ѝ честиташе на 19-годишната победничка на УС Опен. Тој напиша на Твитер: „Горди сме на тебе на и надвор од теренот – и знаеме дека твоето најдобро време допрва доаѓа“.

Победничката на УС Опен од 2017 година, Американката Слоун Стивенс ја нарече Гоф „неверојатна“, а боксерската легенда Мајк Тајсон рече: „Коко! Успеа! Америка и целиот свет слават!“

И поранешната британска број 1 тенисерка, Анабел Крофт додаде: „Мислам дека луѓето очекуваа многу од неа и таа мораше да се справи со голем притисок. Но мислам дека токму тоа покажа и каков челичен карактер има и затоа стана шампионка“.

Никогаш нема да бидам Серена Вилијамс или Венус

Родена во Делреј Бич (Флорида) на 13 март 2004 година, Гоф во минатото, но и денес, сакаше да побегне од споредбите со сестрите Вилијамс, споредби кои секаде ја следеа. „Како што секогаш велам, се обидувам да се концентрирам само на себе. Никогаш нема да бидам Серена Вилијамс или Венус. Не сакам да бидам тие, сакам да бидам јас, најдобрата верзија од себе“, рече своеврмено Коко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Coco Gauff (@cocogauff)

Првите почетоци во тенисот се должат на поттикот од семејството. Кори, нејзиниот татко и нејзин тренер, бил успешен кошаркар во рамките на Универзитетот, додека нејзината мајка Кенди била исто така спортистка, седмобојка. Коко има двајца браќа, Коди, четири години помлад од неа и Камерон, девет години помлад од неа.

Во мај 2022 година, Гоф ја раскажа промената во нејзиниот живот во интервју за спортскиот весник „газета“: „Признавам, беше тешко. Почнав да ја чувствувам тежината на туѓите очекувања, споредбите, повеќе не се забавував. Потоа, разговарајќи со колегите, споредувајќи се себеси со нив, сфатив дека овие работи се вообичаени“.

Коко е активно вклучена во првата линија за борба за права, како активистка на движењето Блек Ливс Метерс (Black Lives Matters): „За мене е многу важно да ја користам привилегираната сцена што ми ја нуди тенисот за да пренесам важни пораки. Научив да имам мој став, да имам поголема доверба во моите мислења и идеи“.

Во нејзината кариера во младоста, се инспирирала од тениската легенда Роџер Федерер. Така, Коко Гоф го поздрави швајцарскиот шампион на социјалните мрежи по неговото пензионирање: „Ви благодарам што ја подигнавте играта на толку многу начини на теренот и надвор од него. Ви благодарам за сите совети што ми ги дававте во текот на овие години, ви благодарам што бевте најдобар пример за многумина. Извор на инспирација на теренот и надвор од него“, напиша таа.
Одвреме-навреме, Гоф исто така ужива во боксот, тренирајќи со исклучителни мајстори како Мајк Тајсон.

Иако нејзините фанови се љубопитни за љубовниот живот на Коко, таа успева да остане сосема таинствена и воздржана на оваа тема. Во 2021 година, имаше гласини за можна врска со актерот Мајкл Б. Џордан, но тоа никогаш не беше потврдено.

 

Слични објави

(Фото) Јелена Карлеуша брутално му одговори на Душко Тошиќ: Еве што мисли за девојката со која е уловен во Дубаи

еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го покажа синот: Нежни мигови со слаткиот Марио

еспресо

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ ќе стане милионер: Еве каков бизнис започна, а мама е горда!

еспресо

Астропрогноза за среда, 1 мај: Овните ќе носат одлуки, за Водолиите интересни познанства

еспресо

Цеца одговори дали Вељко ќе добие национална пензија: „Не се потресувајте…“

еспресо

Велика среда: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо
Се вчитува....