15.8 C
Скопје
22:55 - 27 септември, 2026

(Фото) Фановите преплашени! Ела Дворник го покажа лицето по пластичната операција

Ела Дворник отворено проговори за новата естетска интервенција на која неодамна се подложила, споделувајќи фотографии и детали од закрепнувањето на социјалните мрежи.

Хрватската инфлуенсерка откри дека направила ендоскопски „brow lift“ и блефаропластика, односно корекција на пределот околу очите и веѓите, бидејќи чувствувала дека со текот на времето нејзиниот поглед изгледал поуморно и „потешко“.

„Мило ми е ако со моето добро или лошо искуство можам да им помогнам на другите полесно да донесат одлука. И јас многу работи научив од туѓи искуства“, напишала Ела.

Таа објаснила дека природно имала спуштени капаци и веѓи, а со годините тоа дополнително се изразило.

„Не сакав да изгледам затегнато и неприродно, туку само посвежо и поодморено“, рекла инфлуенсерката.

Фото: Инстаграм

Ела откри дека интервенцијата била помалку драматична отколку што звучи.

„Зборот ‘операција’ секогаш звучи страшно, но реалноста е дека доаѓаш, те подготвуваат, заспиваш и се будиш“, објаснила таа.

Според неа, првите денови по зафатот биле најтешки поради отоци, модринки и чувство на затегнатост на лицето, а за конечниот резултат потребни се неколку месеци.

„Најсреќна сум затоа што не изгледам како друга личност. Сè уште сум јас, само поодморена“, истакнала Ела.

Фото: Инстаграм

Таа додала и дека верува оти помалите и навремени корекции можат да дадат поприроден резултат отколку радикалните естетски операции.

„Проблемот настанува кога човек ќе почне да бара маани во секој детал. Денес капци, утре нос, задутре јаболчници… Така лесно можеш да се изгубиш“, рекла Дворник.

Инфлуенсерката нагласила дека никогаш не сакала да личи на некој друг и дека е важно секој човек да ги знае границите кога станува збор за естетските интервенции.

Слични објави

(Видео) Песна на Весна Змијанац крие голема трагедија — вистинската приказна зад еден од нејзините најголеми хитови

Еспресо

Алка Вуица призна дека била љубовница: „Понижувачки е за една жена, мислите дека ќе излезете неповредени, но не можете“

Еспресо

(Фото) Цеце Николова покажа како ја одржува одличната форма: „Затоа сум толку радосна“

Еспресо

Кога срцето ја гледа вистината што сака да ја види: Полната Месечина во Овен носи судир меѓу желбата и реалноста

Т.Ц.

(Фото+видео) 11 бањи, 8 спални соби, кино, базен… Ѕирнете во импозантната вила на српската тенисерка Јелена Јанковиќ вредна 13,5 милиони долари!

Еспресо

(Фото) „Блазе си ти колку добро изгледаш“: Сопругата на Дарко Лазиќ откри од што се откажува за да ја одржува формата

Еспресо
Се вчитува....